Колегите ве прашуваат дали сте добро, сè ве боли – 6 непогрешливи знаци дека ви е потребен одмор

Секојдневниот стрес доведува до психичко и физичко исцрпување на организмот. Постојат неколку непогрешливи знаци кои јасно укажуваат дека под итно ви е потребен одмор.

6-nepogreshlivi-znaci-deka-vi-e-potreben-odmor-01.jpg

Во колку од следните 6 ќе се препознаете?

Колегите ве прашуваат дали сте добро

Другите луѓе околу вас веројатно први ќе забележат уште пред вие да го воочите тоа дека сте под стрес, раздразливи или нервозни. Доколку некои од нив ви се обраќаат со зборовите „изгледаш уморно“ или „дали е сè во ред?“, ова може да бидат јасни знаци дека вам ви е неопходен одмор и мир.

Честопати правите грешки во работата

Хроничниот стрес честопати е причината да се прават грешки на работното место и јасен знак дека мора да го забавите темпото на работа. Поради уморот ја губиме способноста да се фокусираме и не можеме да ѝ се посветиме на работата со целосно внимание.

Сè ве боли

Грбот, вратот, очите, стомакот… кога сме умори и под стрес, телото станува помалку отпорно на болка, па може да се случи да ве болат повеќе работи истовремено, и да се соочувате со почести главоболки од вообичаено.

Имате проблеми со спиењето

Несоницата или зголемената потреба за сон поради замор се исто така сигнали за стрес.

Понекогаш проблемите едноставно толку нè оптоваруваат што не можеме да склопиме око, а понекогаш сме толку безволни што со задоволство би дремеле во текот на целиот ден.

Ниту една од овие две состојби не е нормална, што јасно укажува дека под итно ви треба одмор.

Не може да ја поднесете својата работа

Луѓето кои се под огромен стрес и притисок честопати ја губат перспективата и не можат да ја најдат потребната мотивација за исполнување на задачите.

Тоа не е нешто необично во денешно време кога сме натрупани со обврски. Меѓутоа, доколку чувствувате дека не можете да си ја поднесете повеќе работата, тогаш е вистинско време за одмор.

Имате потреба од самоизолација

Немате волја за дружба со пријателите, ги избегнувате нивните повици и едноставно не сакате да го поминувате времето со другите луѓе.

Сите ние повремено сакаме да поминеме некое време сами со себе, но доколку избегнувате интеракција дури и со најблиските на подолг временски период, значи дека сте „прегорени“ од многубројните обврски.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
10 знаци дека вашата пријателка е токсична за вас (и треба да се оддалечите) Се чувствувате истоштено после секоја средба со неа, се чувствувате како пријате...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg