Би се шетале ли над провалија?
Да се шетате на оваа висина и тоа без никаква сигурносна опрема изгледа навистина опасно. Но, Енди Ливајс, без проблем успешно одржува рамнотежа.
„Кога сум сам и слободен, сум многу сигурен во себе. Јас само одам напред и не изгледа воопшто тешко.“ – вели Енди.
„Кога го губам балансот имам два избори – да застанами да ја фатам линијата брзо или да загинам“ – објаснува 24 годишниот авантурист кој сантиметар по сантиметар преминува од една на друга страна на карпите во Калифорнија.
Всушност, потребна е голема филозофија за да се шетате по работ на животот.
Енди е толку многу релаксиран и има огромна самодоверба, па дури е и во состојба да скокне во воздух од јажето само за да се слика, и повторно да се врати назад, без да изгуби рамнотежа.