Како си го замислувавме животот кога ќе пораснеме vs. каква е всушност реалноста, низ илустрации
Мислевме дека секоја вечер ќе остануваме будни до доцна, очекувавме да станеме директори веднаш штом ќе завршиме со школувањето и бевме сигурни дека никогаш нема да миеме садови.
Кога бевме мали имавме сосема поразлична перспектива за светот околу нас, па си имавме дури и нереални очекувања од животот. Тогаш не ни беа јасни советите на родителите и забраните што ни ги поставуваа, па едвај чекавме да пораснеме за да можеме да правиме што и да посакаме.
Но, со текот на времето, сè подобро ги разбираме постапките на родителите и нашите гледишта се менуваат, па животот што го живееме како возрасни е целосно поразличен од нашите фантазии во детството.
Погледнете неколку забавни илустрации кои одлично покажуваат какви беа нашите очекувања, а каква е всушност реалноста:
Едвај чекавме да пораснеме за по цел ден да јадеме чоколадо и чипс
Бевме сигурни дека сите ќе имаме многу пари и ќе ги трошиме за глупости
Сонувавме за мигот кога ќе станеме возрасни и ќе можеме по цел ден да гледаме телевизија и да не правиме ништо друго
Бевме убедени дека секоја ноќ ќе седиме до доцна, бидејќи родителите нема да нè тераат да си легнеме
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





