Како НЕ треба да позирате на фотографиите vs. како треба, советува блогерка од Минхен
Вивијан Дамбек од Минхен веќе е ѕвезда на Инстаграм, а покрај вообичаените фотографии, таа редовно споделува и совети за тоа како треба, а како не треба да позираме на нашите фотки.
Вивијан Дамбек е блогерка со над 190.000 следбеници, а можеби најпопуларна е за нејзините совети за позирање.
Сите сакаме да изгледаме добро на фотографиите, особено ако планираме да ги објавуваме, но не секој знае како треба да позира.
Добро познат факт е дека блогерките имаат илјадници тајни и трикови со кои ги затскриваат недостатоците, а ги нагласуваат деловите од телото и лицето што им се допаѓаат кога се фотографираат. А, благодарение на Вивијан, и вие можете да научите како да изгледате беспрекорно на секоја фотографија.
На нејзиниот Инстаграм профил TheRubinRоse, покрај фотки од секојдневието, Вивијан редовно споделува и совети за тоа како треба, а како не треба да позираме на фотографиите.