Секогаш се во гужва и уште 6 начини на кои несигурните луѓе си даваат на значење

Несигурните луѓе ви оставаат впечаток како да се важни, бидејќи ве тераат секогаш вие нив да ги чекате.

7-nacini-na-koi-nesigurnite-lugje-si-davat-na-znacenje-sekoga-se-vo-guzva-01.jpg

Луѓето кои сами се чувствуваат инфериорно, често себе се ставаат на пиедестал, како би го намалиле тоа чувство.

Ова се 7-те начини на кои несигурните луѓе си даваат на значење:

1. Секогаш се во брзање. Нивниот распоред е секогаш набиен и ретко имаат време за вас. Гледаат на часовникот, го гледаат телефонот, одат брзо и општо се нервозни и вознемирени.

2. Обичните случувања ги објаснуваат со термини кои би требало да ја импресионираат околината. „Состанок со одборот“ кај нив значи состанок со колегите, „конференциски повик“ е едноставен онлајн состанок и уште ред вакви „големи“ зборови за работи кои сите секојдневно ги правиме.

3. Често оставаат впечаток дека се окупирани со сериозни случувања во нивниот живот, односно често се загрижени, избегнуваат да изгледаат опуштено или отворени за непланирани договори.

7-nacini-na-koi-nesigurnite-lugje-si-davat-na-znacenje-sekoga-se-vo-guzva-02.jpg

4. На сите социјални мрежи и мејлови не одговараат веднаш, а секаде каде што е возможно ја имаат ставено опцијата дека се зафатени.

5. Ве тераат да ги чекате. Често договараат обични кафиња со пријателите и ретко кога стигнуваат да ги остварат. Дури и ако се појават, тоа е со доцнење проследено со изговори.

6. Претеруваат со своите достигнувања на социјалните мрежи. Луѓето кои тежнеат кон супериорност не се срамежливи и секој мал успех го споделуваат со онлајн заедницата.

7. Се однесуваат како да се најпаметни во друштво. Ако се почувствуваат загрозени дека некој е поинтересен или знае малку повеќе од нив на некоја тема, веднаш гледаат шанса за предизвик и премерување на силите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg