„Во повеќето хотели не се перат заштитните прекривки на креветот“ и уште неколку тајни за хотелите од поранешна рецепционерка

Добрите и учтиви гости можат да добијат подобра соба бесплатно, теписите во собите не се перат никогаш, а најдобро е да не пиете од чашите кои стојат во хотелската соба.

na-dobrite-gosti-im-davavme-podobra-soba-poraneshna-recepcionerka-otkriva-zabavni-i-korisni-tajni-za-hotelite-01.jpg

Сите знаеме дека хотелите кријат многу тајни од нивните гости, а сега една жена која порано работела во хотел решила да сподели дел од нив.

Џанеса Ричард од САД направила неколку ТикТок видеа на кои ги споделува тајните што ги дознала додека работела во хотел, со цел да им покаже на луѓето на што треба да обрнуваат внимание.

Џанеса работела во хотел пред околу шест години и нагласува дека она што го зборува не мора да важи за сите хотели.

„Сакам да спомнам дека е ова е засновано на моето ЛИЧНО искуство и ова е пред 6 години, па не знам кои работи се имаат променето досега. Исто така сакам да спомнам дека сето ова НЕ важи за секој хотел“, објаснува таа во едно од видеата.

@janessarichard

Spilling some ? as an ex hotel employee! ##fyp ##pregnant ##pregnancy ##canadianmamas ##momlife ##toddlermom ##hotelsecrets

♬ Stuck in the Middle - Tai Verdes

Џанеса, која сега е и мајка, обично споделува видеа од нејзиното секојдневие, а доста често споделува и детали од периодот кога работела во хотел. Досега нејзиниот профил го следат над 54.000 корисници, а според коментарите, сите се презадоволни од нејзината искреност.

Во продолжение погледнете ги 9-те најинтересни тајни што ги има споделено Џанеса:

„Според правилата, вработените во хотелот не смеат на глас да го кажат бројот на вашата соба. Поради ова обично го пишувавме бројот на собата на лист, го стававме во коверт и им кажувавме на посетителите ’Ова е твојата соба‘“.

„Ако сте фини и ни се допаѓате, можеме да ви дадеме подобра соба, без дополнителни трошоци, ако има некоја слободна. Секој хотел си има разна политика кога станува збор за ова, но хотелот каде што работев јас не се грижеше многу. Сè додека имаше слободна соба, можевме да го правиме тоа. Имав и гости кои самите го бараа ова и ако беа фини, им давав подобра соба. Ако беа неучтиви, ги лажев дека немаме други слободни соби“.

na-dobrite-gosti-im-davavme-podobra-soba-poraneshna-recepcionerka-otkriva-zabavni-i-korisni-tajni-za-hotelite-02.jpg

„Ако во цената имате вклучено појадок, но мора да излезете од хотелот пред појадокот, можете да ги замолите вработените да ви спакуваат храна“.

„Во повеќето хотели не се перат заштитните прекривки на креветот. Се перат можеби еднаш годишно, што значи дека се навистина грозни. Па, кога ќе влезете во хотелската соба, немојте да легнувате на креветот, туку тргнете ја заштитната прекривка“.

na-dobrite-gosti-im-davavme-podobra-soba-poraneshna-recepcionerka-otkriva-zabavni-i-korisni-tajni-za-hotelite-03.jpg

„Во речиси секоја хотелска соба има чаши за пиење. Препорачувам да не пиете од тие чаши бидејќи хотелот не ги менува сè додека изгледаат ’чисто‘“.

„Препорачувам секогаш да закажувате соба директно во хотелот. Ако закажувате преку веб-сајт, немате секогаш гаранција дека ќе добиете соба каква што сте закажале“.

na-dobrite-gosti-im-davavme-podobra-soba-poraneshna-recepcionerka-otkriva-zabavni-i-korisni-tajni-za-hotelite-04.jpg

„НИКОГАШ немојте да шетате боси по тепихот во хотелската соба. Иако теписите се чистат со правосмукалка, речиси никогаш не се носат на перење“.

na-dobrite-gosti-im-davavme-podobra-soba-poraneshna-recepcionerka-otkriva-zabavni-i-korisni-tajni-za-hotelite-05.jpg

„Во хотелите се случуваат навистина бизарни работи. Еднаш една ’компанија за придружба‘ изнајми соба, а всушност таму се сретнуваа мажите со девојките кои работеа за нив. Моравме да викнеме полиција и ситуацијата беше навистина луда“.

„Некои хотели имаат ’100% гаранција за удобност‘. Ова значи дека ако најдете и најмало нешто што не ви се допаѓа во собата, можете да му кажете на менаџерот и постои можност да ви ги вратат парите“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg