„Мојот Бог ми помогна“ – значењето на името Лазар

Лазар е машко име чија оригинална форма на името е: אֶלְעָזָר (Елеазар). Името има еврејско потекло, а основното значење е: мојот Бог ми помогна. Другите толкувања се сродни на ова: „Божја помош“; „Бог испрати помош“; „Бог помага“; „Бог ќе помогне“; „Роден со Божја помош“.

Znacenjeto-na-imeto-Lazar-01.jpg

Според алтернативната теорија, Лазар потекнува од грчкото Lazaros.

Лазар празнува именден на Лазарова сабота, со која во нашата земја се поврзани повеќе обичаи. На овој ден се изведувале лазарски песни од страна на групи девојчиња, кои оделе по куќите во населеното место и пеела специјална песна наменета за овој ден. Со песните се посакувало напредок, здравје и среќа.

Нумеролошката вредност за името Лазар изнесува 5. Луѓето кои го носат името Лазар се комуникативни, пријателски расположени и омилени во општеството. Материјалната удобност ја земаат здраво за готово, а удобниот живот е им е особено важен. Лесно учат и лесно се образуваат, а не можат да го замислат животот без активен, социјален ангажман.

Доколку и вие имате некој Лазар кој „не го држи место“ во животот, но токму затоа ви е омилен, означете го во коментар и посакајте му убав продолжен викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg