Што ако откажат двата моторa, дали патник може да слета авион – пилоти близнаци одговараат на најчестите прашања на патниците
Зошто треба да ја вклучиме опцијата Airplane mode на електронските уреди? Дали навистина предизвикува проблеми со вашата опрема?
Уредите можат да имаат влијание врз сигналите за комуникација на леталото. Поради тоа, сите уреди треба да бидат исклучени барем за време на полетување и слетување, или да бидат на Аirplane mode во текот на целиот лет.
Што ако се расипе едниот мотор. Можете ли да стигнете до дестинацијата само со другиот?
Најверојатно не. Во овој случај авионот ќе мора да лета пониско. Кога лета пониско, троши повеќе гориво. Дури и со еден мотор, авионот ќе нема доволно гориво за да стигне до дестинацијата. Па, најдобро е да се слета на најблискиот аеродром, отколку да се продолжи со еден мотор.
Ве има ли удрено гром? И како изгледа кога сте во авионот?
Авионите можат да бидат удрени од гром, но тој не може да предизвика штета во внатрешноста. Потполно сте безбедни внатре во авионот.
Што ако некој патник се заклучи во тоалетот и не може да излезе?
Можеби ова не го знаат многумина, но секој тоалет во авионот се отклучува и однадвор.
Дали треба да се плашиме од турбуленцијата?
Турбуленцијата е предизвикана од ветрот и нема од што да се плашите. Авионот може да издржи секакви турбуленции.
Што ќе се случи ако и двајцата пилоти изгубат свест?
Многу, многу, многу е мала веројатноста да се случи ова, но сепак е возможно. Лошите вести се – ако нема друг пилот во авионот, тешко дека некој ќе успее да го слета, дури и ако добива инструкции. Добрите вести – за време на долги летови во авионот секогаш има 3 или 4 пилоти. На многу летови има и патници кои се пилоти и кои би можеле да го слетаат авионот.
Спирова С. | Црнобело