Што ако откажат двата моторa, дали патник може да слета авион – пилоти близнаци одговараат на најчестите прашања на патниците

Дали патниците можат да слетаат авион ако добиваат инструкции како на филм, дали авионот може да лета со еден мотор, дали електронските уреди навистина им предизвикуваат проблеми на пилотите - овие близнаци имаат одговор за прашањата што сигурно сте ги поставиле барем еднаш.

shto-ako-otkazhat-dvata-motori-dali-patnik-mozhe-da-sleta-avion-piloti-bliznaci-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-na-patnicite-01.jpg

Двајца пилоти, кои се и близнаци, водат забавен профил на ТикТок каде што откриваат секакви детали за нивната професија. Досега нивниот профил има околу 684.000 следбеници, а на видеата имаат над 11 милиони лајкови.

@flyiiingtwins

@meghawega antworten did you know that aircraft can glide?✈️##fearlessfly

♬ Astronaut In The Ocean - Masked Wolf

Близнаците имаат и Инстаграм профил со 15.000 следбеници каде што споделуваат фотки и видеа од нивното секојдневие. Не е познато како се викаат близнаците, но на Инстаграм се потпишани како Е и А.

https://www.instagram.com/p/CILDX8AIFDC/

https://www.instagram.com/p/B3wsnSyCtPw/

Можеби најдоброто е што пилотите објавуваат ТикТок видеа на кои одговараат на прашањата од следбениците поврзани со нивната професија, но и општи прашања за летањето со авион што дефинитивно ги интересираат сите „обични“ луѓе.

Во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните прашања, заедно со одговорите на пилотите близнаци:

Што ќе се сучи ако откажат двата мотори на авионот?

Ова не се случува скоро никогаш, но ако откажат и двата мотори авионот може да продолжи да лета како едрилица и нема да падне на земјата. Леталото може да остане во воздух околу 25-30 минути. Ова е доволно време за да се најде писта или погодно место за слетување.

Што ако има случај кој бара итна медицинска нега на авионот?

Во овој случај пилотите им кажуваат на контролорите на земјата дека има итен медицински случај. Потоа авионот добива приоритет и слетува веднаш на најблискиот аеродром. Ние пилотите сме постојано во контакт со медицински лица додека да слетаме. Пилотите и екипажот прават сè што е можно за да го спасат животот на личноста.

Ако поради некоја причина пилотите се онеспособени, дали патник без никакво искуство може да го слета авионот?

Ова е тестирано со симулација и разни луѓе кои немале никакво искуство со летање. На луѓето им беа дадени инструкции за како да управуваат и како да го слетаат авионот. За жал, ниту еден од нив не успеа безбедно да го слета.

shto-ako-otkazhat-dvata-motori-dali-patnik-mozhe-da-sleta-avion-piloti-bliznaci-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-na-patnicite-07.jpg

Што ако бремена жена се породи среде лет?

Ова ни се случи неодамна. Екипажот помогна во породувањето и среде лет се роди здраво бебе.

Секојпат ми се чини дека авионот не се движи доволно брзо по пистата за да полета. Кога гледам снимки изгледа како авионите се движат побрзо на пистата.

Пред полетувањето се прават пресметки. Пилотите знаат точно кога авионот ќе полета. Во авијацијата ништо не ѝ е оставено на случајноста. Сè е пресметано и безбедно.

Што правите кога летате низ облаци и не гледате ништо?

Продолжуваме да летаме.

Дали е вистина дека пилотите јадат различна храна во случај едниот да се отруе?

Ова е делумно вистина. Кај некои авиокомпании ова е задолжително, но кај некои е само препорака.

shto-ako-otkazhat-dvata-motori-dali-patnik-mozhe-da-sleta-avion-piloti-bliznaci-odgovaraat-na-najchestite-prashanja-na-patnicite-09.jpg

Што се случува ако некој почине за време на лет?

Екипажот прашува дали има доктор во авионот. Смртта може да биде потврдена само од лекар. Ако нема лекар, започнуваме постапка за итен медицински случај и слетуваме што е можно побрзо, на најблискиот аеродром. Ако лекарот ја потврди смртта, најверојатно потоа ќе продолжиме да летаме кон нашата дестинација.

Колкави се шансите да се судрат два авиони во воздух?

Со цел да се избегнат сударите во воздух, авионите се држат што е можно подалеку од други летала. Ако некое летало се доближи премногу до друго, контролорите од земјата го предупредуваат да се оддалечи. Имаат доволно време да направат маневар за избегнување на судирот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Киднапирале авион и држеле патници во заложништво над 60 часа: Приказната зад хит серијата The Hijac... Во 1970-тите, двајца мажи киднапирале патнички авион и се заканувале дека ќе пос...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg