Чоколадо за шмркање
Белгиските чоколади се неодоливи. Туристите секогаш се враќаат со пралини, а заради Доминик Персон нивниот избор се проширува на марципан...
...кремови со ликер, бомбони од пилешко, бајадери со карфиол и неверојатниот прав за шмркање.
Овој слаткар, се прославил со изумот за членовите на групата Rolling Stones. Чувствувал дека Мик Џегер и друштвото нема да се задоволат само со некое чоколатце, па за журката во Брисел им направил чоколаден прашок за вшмркување.
Стоунси лудо се забавувале со пудрата од како, ѓумбир и нане. Она што започнало да шега, денес е еден од најзначајните производи на Персон. Купувачите чекаат во ред за да купат справа и прав од неговата продавница.
Според неговите зборови, ова е одлично нешто за љубителите на слатки кои се на диета. Мозокот прима информација дека сте внеле чоколадо, па човекот е задоволен и среќен, а во неговиот организам не влегува ниту една калорија.
Поранешниот готвач прави и чудни комбинации од чоколадо со кобасици, пилешко, кромид...
Туристичките водичи задолжително поминуваат во неговата продавница со своите групи во Бриж и Антверпен.