Зошто „се ежиме“ кога ни е ладно, кога слушаме музика и кога сме возбудени?

Таканареченото ежење на кожата е сосема нормална реакција на нашето тело и најчесто е поврзана со нагла промена на температурата.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-01.jpg

Но, оваа реакција може да биде предизвикана и од други фактори, како страв или каква било силна емоција – кога гледаме филм, слушаме музика…

Ако некогаш сте се запрашале која е точната причина и кој е механизмот зад ова ежење, можете да дознаете во продолжение:

Што се случува во овие мигови?

Ежењето настанува поради брзата контракција и релаксација на мускулите. Мускулите кои се наоѓаат околу коренот на влакното се стегнуваат, па поради тоа влакната на кожата изгледаат наежено. Исто така овие контракции го предизвикуваат и препознатливото чувство низ целото тело.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-02.jpg

Кога ни е ладно

Кога одеднаш ќе ви застуди, сигурно забележувате дека влакната на кожата се наежени. Оваа реакција на организмот е поради ниската температура – мускулите почнуваат брзо да се стегнуваат и релаксираат, со тоа генрирајќи топлина.

Се претпоставува дека оваа реакција сме ја наследиле од предците кои, за разлика од нас, имале густо крзно. Со ежењето на влакната од крзното, се создава еден вид изолација кој им помагал да се загреат. Истото важи и за скоро сите животни со крзно.

Денес ние луѓето имаме значително помалку влакна, па ежењето го нема потполно истиот ефект.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-03.jpg

Кога слушаме музика

Ежењето може да настане и како одговор на некоја силна емоција, како кога слушаме одреден вид музика. Според едно истражување, емотивната музика активира делови од мозокот одговорни за задоволство, слично како храната или сексот. Исто така, слушањето емотивна музика може да го поттикне и лачењето на допамин.

Кај испитаниците кои се наежиле од слушањето музика, била забележана и зголемена активност на одредени мозочни бранови. Сепак, уште не е јасно зошто музиката има вакво силно влијание врз нас. Според еден од авторите на истражувањето:

„Она што е интригантно за музиката е тоа што изгледа дека нема никаква биолошка вредност, ниту ни помага да преживееме. Допрва треба да откриеме зошто музиката ни делува наградувачки и има такво влијание врз нас“.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-04.jpg

Кога гледаме емотивни филмски сцени

Кога гледаме филм, во него можат да бидат вметнати многу фактори кои ќе нè наежат како музика, акција, напнатост, исчекување, емотивни моменти… Сето ова, во комбинација со добар визуелен приказ, може дополнително да „нè наежи“.

Во едно истражување, научниците дошле до заклучок дека испитаниците најчесто се ежеле на кулминацијата во филмот, особено ако станува збор за драма или авантуристички филм. Се покажало и дека испитаниците најмногу се ежеле кога во филмот биле прикажани дела како херојство или саможртвување.

Исто така, според експертите, многу е голема веројатноста да се наежиме ако сведочиме на моќна промена во емоциите на ликот што го гледаме.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-05.jpg

Кога среќаваме одредени луѓе

Кога се ежиме откако ќе здогледаме или помислиме на некого, тогаш се активира нашиот одговор за опасни и стресни ситуации кој сме го наследиле од предците, по што во организмот почнува да се лачи адреналин. Ова настанува кога таа личност потсвесно ја сметаме за опасна. Сепак, истото може да се случи и ако сме возбудени или гледаме личност што ни се допаѓа.

Генерално, уште не се точно познати сите причини за овој одговор на организмот и допра треба да се истражува на оваа тема.

zoshto-se-ezhime-koga-ni-e-ladno-koga-slushame-muzika-i-koga-sme-vozbudeni-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg