Во каква боја сонувате?
Црно белите сништа се знак на тага, сините пак симболизираат креативност. Црната боја во соништата симболизира непознатост, несвесност, опасност, мистерија.
Боите во сонот најчесто се израз на нашата емотивна состојба, а сонот во боја понекогаш е показател на духовниот напредок и растеж.
При толкувањето на боите во сонот треба да се земат во предвид и посебните врски на луѓето со боите. Луѓето треба да го знаат одговорот дали бојата ги потсетува на одредени луѓе, дел од телото, детството, или пак некои објекти.
Беж
Беж бојата преставува основа во оголен облик. Таа укажува на неутралната положба на луѓето или објективност во одредени ситуации.
Црна
Симболизира непознатост, несвесност, опасност, мистерија, темница, смрт, тага, одбивање, омраза или злоба. Бојата повикува несвесно да се преиспитате, што води кон подобро разбирање на самите себе. Таа може да значи недостаток на љубов и поддршка.
Позитивно црната боја преставува потенцијал и можност. Ако чувството во сонот сугерира некоја радост, тогаш црнилото значи скриена духовност и божествени својства.
Црно белите сништа сугерираат дека е потребна посебна објективност во формулирањето на одлуките. Веројатно сте премногу тврдоглави и на тој начин треба да најдете некаков баланс помеѓу два спротивставени погледи. Земете ги во предвид ставовите и мислењата на другите луѓе.
Алтернативно, црно белите сни се знак на депресија и тага. Можеби чувствувате дека ви недостасува возбуда во животот.
Сина
Сината боја преставува вистина, мудрост, рај, вечност, лојалност, мир, верност и отвореност. Присуството на оваа боја во сонот симболизира духовен водич и оптимизам за иднината, како и присутност на желба да отпатувате. Алтернативно, сината боја симболизира тага. Ако во сон носите светло сина облека, тоа ја симболизира вашата креативност.
Кафена
Кафената боја означува световност, практичност, блаженство, физичка удобност, конзерватизам и материјалистички карактер. Таа исто така во сон може да значи дека мора да им се вратите на своите корени.
Златна
Златната боја е израз на духовна награда, богатство, усовршување и напредување во опкружувањето. Таа исто така ја означува вашата одлучност и непопустливост.
Сива
Сивата покажува страв, депресија, болест и збунетост. Веројатно се чувствувате емоционално дистанцирани и изолирани. Алтернативно сивата боја симболизира индивидуализам.
Зелена
Зелената означува позитивни промени, добро здравје, раст, плодност, оздравување, надеж, сила, виталност, мир и спокој. Алтернативно, зелената е метафора за недостаток на искуство во некоја работа.
„Да се биде зелен“ значи да сте еколошки свесни. Зелената е симбол на вашите настојувања да ја воспоставите својата независност. Парите, богатството и љубомората често се поврзани со оваа боја. Темно зелената означува материјализам, мамење или пак тешкотии со делењето.
Индиго сина
Оваа боја подразбира духовност и божја заштита. Алтернативно значи измама.
Боја на слонова коска
Означува супериорност над другите. Алтернативно, симболизира дека нешто, или пак некој не е така совршен како што мисли.
Пурпурно црвена
Пурпурно црвената преставува добрина и сочувство, но и тоа дека сте подготвени да излезете од мрачниот период.
Боја на костен
Бојата на костен е симбол на храброста, хероизмот и силата.
Светло виолетова
Појавата на светло виолетова боја значи дека треба да го исчистите умот од негативни мисли и да мислите позитивно.
Боја на маслинка
Симболизира природна мудрост и преставува знак дека треба да постигнете мир во вашето опкружување.
Портокалова
Портокаловата боја означува надеж, пријателство, љубезност, дарежливост, живост и друштвеност. Таа исто така преставува стимулација на сетилата. Веројатно сакате да ги проширите своите видици и да откриете нови интереси.
Боја на праска
Праската е боја на невина љубов измешана со мудрост. Исто така ја имплицира вашата природна грижливост кон другите.
Розова
Симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Алтернативно бојата подразбира незрелост или слабост, особено ако е во прашање љубовта. Ако не ја сакате розовата боја, можеби тоа произлегува од проблемите со родителите.
Црвена
Црвената боја е показател на сирова енергија, сила, интензивна страст, агресивност, храброст и импулсивност. Таа боја има длабоки емоционални и духовни конотации. Алтернативно црвената боја укажува на недостаток на енергија, па веројатно се чувствувате уморни или летаргични.
Црвената боја исто така е боја на опасност, насилство, крв, срам и сексуален импулс. Можеби треба да запрете и да размислите за некои свои постапки.
Сребрена
Преставува правда и чистота. Таа е симбол на заштитната енергија.
Тиркизна
Тиркизната боја е симбол на исцелителска моќ, карма и природна енергија. Често е поврзана со сонцето, огнот и машката енергија. Ако имате негативни чувства кон оваа боја, тоа е знак дека не пуштате луѓето да ви се приближат.
Лила
Лила бојата значи висока духовност, верска аспирација, прочистување, љубов, шарм, мир. Имате чувство на интуитивно разбирање и особена пристрасност.
Бела
Белата боја преставува чистота, совршенство, мир, невиност, достоинство, свест и нов почеток. Означува ново будење и нов поглед на животот. Во источните култури, белата боја е поврзана со смртта и жалоста.
Жолта
Жолтата боја има позитивна и негативна конотација. Ако сонот е убав, жолтата боја е симбол на интелектот. Енергијата, агилноста, среќата, складот и мудроста. Од друга страна, ако сонот не е убав, жолтата боја преставува измама, срамота, предавство и болест. Сништата за жолта соба значат дека треба да го користите сопствениот мозок за нешто да направите.
Во каква боја најчесто вие сонувате?