Барселона на дланка
Хостелот познат под името „Barcelona Rock“ има 50 соби, базен, спа, теретана, кино, паб и ѕидови за сите оние кои имаат мерак да се искачуваат...
...по карпи и планини, а оние кои се професионалци во овој спорт може да се качуваат по фасадата на гигантската зграда.
Идејата е на архитект од полското студио „UGO architecture“. На интернационалниот натпревар на тема "Bohemian hostel for backpackers", осмислен е овој концепт за доминантна, колосална и по малку агресивна градба наречена "Barcelona rock", а (не) атрактивното решение многу брзо стигна до сите стручни портали и блогови.
Локацијата на оваа карпеста и 100 метри висока градба би бил центарот на Барселона, а со својата необична форма би постигнала баланс со досегашните препознатливи градби на градот – Саграда фамилиа и облакодерот Торе Агбар Жан Нувела.
Мега проектот овозможува искачување на врвот од зградата, каде млади туристи од целиот свет ќе можат да уживаат во центарот на Барселона со поглед на градот.