„Буквално секој човек има исто комплексен живот колку вашиот“ – цитати од Редит што ќе ве натераат да размислувате

Дали честопати се прашувате зошто сме живи и која е воопшто целта на нашето постоење? Сите се обидуваме да најдеме одговор на овие прашања и обично самите си поставуваме некоја животна цел.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-01.jpg

Всушност, многу мислители се согласуваат дека целта на нашето постоење е онаа што ќе ја одредиме сами. Односно, ние самите му даваме смисла на нашиот живот. Но дали ова значи дека нашето постоење е сосема случајно и нема никаква поголема, па дури и божествена цел?

Факт е дека овие мисли некогаш можат да бидат непријатни, па дури и да ви предизвикаат таканареченa егзистенцијална криза, но од друга страна, ве тераат да размислувате и можат да ви помогнат целосно да си ја промените перспективата за светот околу вас, и тоа на подобро.

Ако сте расположени да размислувате за најголемите животни прашања, прочитајте дел од ваквите мисли што ги споделиле корисниците на Редит:

„Има делови од универзумот кои никогаш нема да ги видиме. Без разлика што ќе направиме, секогаш ќе бидат надвор од нашиот дофат“.

„2030 година е поблиску од 2005-та“.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-02.jpg

„Се движиме околу Сонцето на ’карпа‘ со брзина од 30 километри во секунда. Покрај тоа, заедно со Сонцето се движиме околу центарот на галаксијата со брзина од 790.000 километри на час и… практично нема ништо што нè штити ако се судриме со нешто со толкава брзина“.

„Нема начин да докажете дека нешто постои надвор од вашата свест“.

„Размислете за тоа дека секој човек што сте го сретнале во животот, дури и само на минување, има живот исто комплексен колку вашиот“.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-03.jpg

„Отворете го календарот во телефонот и ’скролнете‘ 150 години во иднината. Ако имате обележано родендени, веројатно ќе ви се појават и тие, но 150 години од денес нема да бидат важни. Можеби си мислите дека со напредокот на медицината постои шанса да живеете толку долго. Но нема. Ако сакате да размислувате за вашата смртност, отворете некој ден на календарот во јуни 2185. И, помислете дека што и да се сучи тој ден, вие нема да го видите“.

„Сосема е возможно да сте немале ниту една оригинална мисла или идеја, целиот ваш живот“.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-04.jpg

„Не само што Месечината се движи околу Земјата и Земјата околу Сонцето, туку и Сонцето патува низ Млечниот Пат, а целата галаксија се движи низ вселената“.

„Ќе бидете мртви многу подолго отколку што ќе бидете живи. Животот е најмалиот аспект од вашето постоење“.

„Не можеме да бидеме сигурни дека сè што е настрана од нашите искуства е ’вистинито‘, треба само да веруваме во тоа. Кога гледаме во нешто, единственото нешто за коешто сме вистински сигурни е дека го искусуваме гледањето во тоа нешто“.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-05.jpg

„Од сите ’свесности‘ што можеле да се развијат во мене, јас сум единствената што гледа низ моите очи“.

„Времето постојано минува и не можете да направите ништо за да го спречите тоа“.

bukvalno-sekoj-chovek-ima-isto-kompleksen-zhivot-kolku-vashiot-citati-od-redit-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate-06.jpg

„Сите наши проблеми се важни бидејќи самите ги правиме такви. Но, тие се незначајни кога ќе ја погледнете големата слика. Универзумот ќе продолжи да си постои без разлика како ние се справуваме со нашите проблеми“.

„Дали јас сум ’сонувачот‘, или сум само дел од нечиј сон?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg