Можеме ли без расправии?
Многу работи во нашиот живот би се одвивале полесно кога би можеле да ги избегнеме караниците. Но, тоа е невозможно, затоа што можности за кавга...
...има на секој чекор, во канцеларија со колегите или претпоставените, дома со оној што го сакаме или пак со семејството, со пријателите кои или не изневериле или се чувствуваат изневерено затоа што не им посветуваме доволно внимание....
Никому не му е сè по мерак, секому се случува да не може да поднесе некој вид авторитет.
Навистина некои луѓе умеат да бидат напорни за соработка, но вистина е и дека некој можеби нас нè гледа како напорна личност. Со таква претпоставка, би се рекло дека расправијата е неминовна.
До расправија може да дојде дури и кога ни се чини дека постојат идеални услови за соживот, дури и ако сме во добри односи со сите од нашето опкружување.
До искрење може да дојде и тоа не само кога сме лошо расположени, дури и ако некој се обиде да ни ја наметне своите услови или пак ставови.
Тоа што ние во секој случај ќе ги спроведеме нашите идеи во дело не значи дека претходно мора да се испокараме со сите.
Самиот факт дека до расправија може да дојде кога најмалку се надеваме, не мора да биде ништо страшно.
Понекогаш кавгите се добредојдени затоа што не тераат да реагираме најбргу што можеме за да вратиме некоја ситуација во првобитна положба.
За она што ни се случува во животот треба добро да размислиме, не за друго, туку за да бидеме подготвени да реагираме соодветно.
Какво е вашето искуство? Влегувате ли често во расправии, или вешто ги избегнувате?