Најубавото велигденско име е Христина, значењето е – „следбеничка на Христос“

Основното значење на името Христина е „Следбеничка на Христос“. Христос произлегува од грчкото χριστός, превод на еврејскиот збор за Месија или Помазаник.

Znacenje-na-imeto-Hristina-01.jpg

Името има латинско потекло од Christiana – женска форма на Christianus. Христина е име кое тесно се поврзува со христовото раѓање, односно Божиќ и неговото воскреснување, односно Велигден.

Девојките по име Христина се силни, елегантни, наклонети кон уметноста и се одликуваат со богата имагинација. Тие се дарежливи и пријателски расположени. Не сакаат многу да комуницираат, но имаат оптимистички пристап кон животот. Дарежливи се, независни и успеваат да ги надминат предизвиците во животот, колку и да се тешки.

Оние со име Христина најчесто се интровертни, ретко зборуваат за она што го чувствуваат, многу внимателно ги избираат своите пријатели и имаат навистина високи очекувања од блискиот круг на луѓе.

Од гледна точка на нумерологија, на Христина ѝ припаѓа бројот 3, што значи совршен број. Луѓето со ова име се весели, генијални, самоуверени и полни со шарм. Тие имаат голема убедлива моќ, љубопитни се, подготвени да учат нови работи, вредни и добро се снаоѓаат во тешки ситуации.

Доколку и вие имате некоја ваква незаменлива Христина, означете ја во коментар и посакајте ѝ убави празнични денови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg