Taтко за медал: Ѝ даде на ќеркичката со алопеција да му ја избричи главата за да личи на неа (видео)

„Ти си храбра, ти си убава...“ - татко ѝ е најголема поддршка на својата ќеркичка која се соочува со алопеција. Ѝ дозволува дури и таа самата да му ја бричи главата за да ѝ докаже дека косата не е важна и дека таа е убава.

tatko-si-ja-brichi-glavata-za-da-i-dade-poddrshka-na-kjerkichkata-so-alopecija-video-01.jpg

Ова е најубавото видео што ќе го видите денес! Таткото на малата Лиа која има алопеција ја бричи главата за да ѝ даде поддршка.

Тој сака да ѝ посочи дека косата не е важна и ја учи дека е убава таква каква што е.

На моменти и таа му помага во бричењето на главата, а на крајот го прегрнува и го милува по неговата глава, која сега личи на нејзината.

Ова видео е доказ за моќта на родителската љубов и за посветеноста кон децата.

Инаку, алопеција е автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата и ова може да доведе до опаѓање на косата на главата и на сите други места.

Погледнете го овој татко за медал:

Прочитајте и Македонска новинарка со емотивна исповед: „Ова сум јас, се сликам без перика, од кога знам за себе живеам со алопеција“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Предмети и продукти за кои вреди да дадеме повеќе пари (корисни се) Робот правосмукалката ќе ви заштеди многу време, а квалитетниот полнач за телефо...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
10 производи на TEMU кои се толку луди што ќе посакате да ги купите (иако не ви требаат) Дали би купиле перика за својата мачка? Или можеби лед светло за вашата тоалетна...
Го прашав ChatGPT „Зошто е лошо да бидеш силен/а постојано“ и ми даде совршен одговор на македонски Дали некогаш ChatGPT одлично ви се покажал во улогата на психолог? Јас одлучив д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg