Има високи стандарди, но не понижува никого – 10 особини кои секој господин треба да ги поседува
Правиот „џентлмен“ е секогаш добро информиран
Тој преферира да разговара на разни теми, па така заинтересираноста за тоа како функционира светот околу него доведува до активна желба за проширување на своите знаења.
Различните пасии и интереси ја откриваат неговата страст и посветеност и воедно ја прошируваат низата на неговите секојдневни активности.
Неговите дела се еднакви на неговите зборови
Доколку добиете ветување, бидете сигурни дека вистинскиот господин ќе направи сѐ, со цел да го исполни.
Секогаш се однесува кон луѓето со почит
Тој го почитува секое човечко суштество - сопругата, колегите, властите, келнерите итн.
Таквото однесување се рефлектира во неговото верување дека сите луѓе се еднакви - тој тврди дека има еднакви права со луѓето околу него. Вистинскиот господин не ги понижува другите, за да се воздигне себеси.
Прави разлика помеѓу ароганцијата и самодовербата
Мислењето на арогантниот човек дека е подобар од другите луѓе, зависи од неговото толкување, односно како тој смета дека изгледа во очите на останатите.
Правиот „џентлмен“ верува во себе и своите способности, независно од другите луѓе. Арогантниот човек сака да биде величен од останатите, додека самопотврдата на вистинскиот маж доаѓа однатре.
Вистинскиот господин ја користи својата моќ за определена цел
Изјавата: „Со голема моќ доаѓа голема одговорност“ – во овој случај би била целосна вистина. Ако е во позиција на моќ, господинот ќе ги комбинира сите горенаведени квалитети и ќе ги користи несебично, со претходно одредена цел.
Тој во никој случај нема да дејствува од одмазда и лична корист, ниту ќе ги погази другите за да ги постигне своите цели.
Мила М. | Црнобело