Има високи стандарди, но не понижува никого – 10 особини кои секој господин треба да ги поседува

Добропознатиот термин „џентлмен“ или кавалер, денес е присутен малтене насекаде и неговата употреба е широко распространета.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 01 630x330.jpg

Одговорот на прашањето „Со што се одликува вистинскиот господин?“, некогаш и сега, навистина се разликува.

На пример, во минатото правиот господин бил галантен, љубезен, пристоен човек, со истакнат формален начин на обраќање. Исто така, неговото потекло задолжително требало да е поврзано со кралското семејство.

Тој располагал со толпа на слуги и во никој случај не смеел да готви за себе. Имено, низ годините овој посакуван епитет го добивал секој оној којшто имал доволно богатство, онолку колку да не мора да работи целиот свој живот.

Од друга страна, денес терминот „господин“ не го прават парите, туку културата, манирите и карактерот.

Со оглед на тоа што значењето на овој поим драматично се промени, во продолжение ви наведуваме 10 карактеристики кои денешниот „џентлмен“ треба да ги поседува:

Тој не треба да е совршен

Ова е веројатно најважната карактеристика од оваа листа. Терминот „господин“ не е недостижен идеал. Доколку ја разгледаме човечката природа, ќе дојдеме до заклучокот дека сите ние секојдневно правиме грешки.

Со оглед на тоа, вистинскиот господин не верува во совршенство, но презема одговорност за работите кои може да ги контролира: неговите постапки, неговото знаење и пристап до светот.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 02 630x336.jpg

Поседува високи стандарди

Џентлмените поставуваат високи стандарди со кои ги принудуваат луѓето да се надминат себеси и да го постигнат својот максимум.

Тие очекуваат висок квалитет и функционалност од работите што ги прават и од работите што ги купуваат.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 03 630x380.jpg

Вистинскиот „џентлмен“ секогаш изгледа средено, чисто и претставително

Ова нема да ве изненади. Тој секогаш се облекува според сезоната, поводот и неговиот стил.

Убавата облека не зависи од парите, туку од внимателниот избор и модните детали, во зависност од неговите средства, пригода и вкус.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 04 630x380.jpg

Негова главна одлика се добрите манири

Со сигурност една од најважните карактеристики на вистинскиот маж, каде љубезноста, почитта и човечноста излегуваат на површина.

Тој се извинува и се заблагодарува, го чека својот ред и се однесува кон другите како што очекува и тие да се однесуваат со него.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 05 630x380.jpg

За него не постојат предрасуди

Тој не верува дека неговите мислења и знаења се секогаш најточни и непроменливи.

Модерниот господин се стреми да научи што е можно повеќе, отворен е за нови идеи, прифаќа конструктивна критика и признава пораз, што за него е пат кон раст и самореализација.

При дискусија, неговата цел не е да докаже дека е во право, напротив, тој се обидува да гледа на работите и од друг агол, со цел подобро да ја разбере туѓата перспектива.

Ne-gi-ponizhuva-drugite-za-da-se-vozdigne-sebesi-za-nego-ne-postojat-predrasudi-karakteristiki-koi-sekoj-gospodin-treba-da-gi-poseduva 06 630x630.jpg

Уште 5 особини на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg