Има високи стандарди, но не понижува никого – 10 особини кои секој господин треба да ги поседува
Добропознатиот термин „џентлмен“ или кавалер, денес е присутен малтене насекаде и неговата употреба е широко распространета.
Одговорот на прашањето „Со што се одликува вистинскиот господин?“, некогаш и сега, навистина се разликува.
На пример, во минатото правиот господин бил галантен, љубезен, пристоен човек, со истакнат формален начин на обраќање. Исто така, неговото потекло задолжително требало да е поврзано со кралското семејство.
Тој располагал со толпа на слуги и во никој случај не смеел да готви за себе. Имено, низ годините овој посакуван епитет го добивал секој оној којшто имал доволно богатство, онолку колку да не мора да работи целиот свој живот.
Од друга страна, денес терминот „господин“ не го прават парите, туку културата, манирите и карактерот.
Со оглед на тоа што значењето на овој поим драматично се промени, во продолжение ви наведуваме 10 карактеристики кои денешниот „џентлмен“ треба да ги поседува:
Тој не треба да е совршен
Ова е веројатно најважната карактеристика од оваа листа. Терминот „господин“ не е недостижен идеал. Доколку ја разгледаме човечката природа, ќе дојдеме до заклучокот дека сите ние секојдневно правиме грешки.
Со оглед на тоа, вистинскиот господин не верува во совршенство, но презема одговорност за работите кои може да ги контролира: неговите постапки, неговото знаење и пристап до светот.
Поседува високи стандарди
Џентлмените поставуваат високи стандарди со кои ги принудуваат луѓето да се надминат себеси и да го постигнат својот максимум.
Тие очекуваат висок квалитет и функционалност од работите што ги прават и од работите што ги купуваат.
Вистинскиот „џентлмен“ секогаш изгледа средено, чисто и претставително
Ова нема да ве изненади. Тој секогаш се облекува според сезоната, поводот и неговиот стил.
Убавата облека не зависи од парите, туку од внимателниот избор и модните детали, во зависност од неговите средства, пригода и вкус.
Негова главна одлика се добрите манири
Со сигурност една од најважните карактеристики на вистинскиот маж, каде љубезноста, почитта и човечноста излегуваат на површина.
Тој се извинува и се заблагодарува, го чека својот ред и се однесува кон другите како што очекува и тие да се однесуваат со него.
За него не постојат предрасуди
Тој не верува дека неговите мислења и знаења се секогаш најточни и непроменливи.
Модерниот господин се стреми да научи што е можно повеќе, отворен е за нови идеи, прифаќа конструктивна критика и признава пораз, што за него е пат кон раст и самореализација.
При дискусија, неговата цел не е да докаже дека е во право, напротив, тој се обидува да гледа на работите и од друг агол, со цел подобро да ја разбере туѓата перспектива.