Љубов која траеше 7 децении - приказната на принцот Филип и кралицата Елизабета, низ фотографии
На 9-ти април годинава, само неколку месеци пред да го прослави својот 100-ти роденден, принцот Филип почина во замокот Виндзор. За својот сакан, кралицата Елизабета многу често зборуваше дека тој е нејзината најголема поддршка, а нивниот сложен брак, кој траеше неверојатни 73 години, е инспирација за многумина.
Бракот на Филип и Елизабета беше изграден врз база на многу љубов, почитување и заемна поддршка и, на некој начин, тие двајца станаа доказ дека љубовта може да трае многу, многу години.
Филип и Елизабета се запознале во далечната 1939 година, кога кралицата имала само 13, а принцот 18 години. Наводно, иако била многу мала, Елизабета оттогаш не помислувала на друг.
Во периодот додека траела Втората светска војна, тие почнале да се допишуваат, а кога конечно имале можност да се гледаат и во живо, нивната љубов почнала да цути.
На почетокот семејството на Елизабета негодувало за нејзиниот избор – сите имале безброј изговори зошто Филип не е достоен за да ѝ биде сопруг. Но, кралицата не се откажувала, па во 1947 година таа и Филип ги соопштија новостите за нивната свршувачка.
Оттогаш, па до последните мигови од животот на Филип, бракот на кралскиот пар бил како бајка, а тоа најдобро го покажуваат нивните најдобри заеднички фотографии:
Првата официјална фотографија на Филип и Елизабета откако ги соопштија вестите за нивната свршувачка, 1947 година
Принцот Филип на ергенската вечер со колегите од морнарицата, ноќта пред неговата свадба, 1947 година
Филип и Елизабета во Бакингемската палата на денот на свадбата, 1947 година
Кралскиот пар во Малта – Филип и Елизабета живееја таму после нивната венчавка, додека принцот беше дел од кралската морнарица
Фотографија со нивното прво дете - принцот Чарлс, 1948 година
Филип и Елизабета на крштевката на нивната ќерка, принцезата Ен, во 1950 година
Семејна фотографија со принцот Чарлс и принцезата Ен, 1951 година
Филип и Елизабета на балконот од Бакингемската палата, после крунисувањето на кралицата во 1953 година
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





