Ривал, непријател, но и жена која е единствена – Значење на имињата Емилија и Ема

Емилија e женско име инспирирано од латинското „Aemilius“, што според една теорија било презиме на многу угледно римско семејство, а во оригиналното значење на презимето се крие симболиката „натпреварувај се“. Оттука, според латинскиот збор Aemilia, Емилија буквално означува ривал, противник, непријател.

Znacenje-na-Emilija-i-Ema-01.jpg

Кога Емилија празнува именден според православниот календар? Света Емилија, мајка на свети Василиј Велики (IV) на 21 мај (по нов стил).

Дел од етимолозите сметаат дека ова име е изведенка од машкото, словенско Емилијан. Емилија е особено често име на балканските простори, односно словенските земји каде што преовладува православната религија.

Другата теорија за потеклото на ова име го разгледува потеклото на името Емилија од Ема, кое пак потекнува од германскиот збор „ermen“; „irman“, или од зборот „ermanischen“ што значи: „целосен, универзален, опфатен“.

Значењето на името Ема, како изведенка од Емилија, според последната теорија, може да се толкува како „жена која е универзална и посебна“ или „онаа што е комплетна како личност“; „зрела и самосвесна“; „единствена целина“; „жена која е единствена“.

Потсвесниот ефект кој Емилија го има врз околината е поврзан со главните карактеристики на нејзината личност: волја, активност, интуиција и сексуалност. Нумеролошки, нејзиниот среќен број е 3, а среќен ден сабота.

Доколку имате Емилија или Ема во вашиот живот означете ги во коментар, посакувајќи им убав, пролетен викенд.

(О)Милена  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg