Тоалетна хартија „монтирана“ на главата, алкохолна вратоврска - чудни и бизарни иновации популарни ширум светот

Човечката популација ширум светот достигна речиси 8 милијарди луѓе, па не е ни чудно што на Интернет секојдневно „протекуваат“ разни иновации, некои корисни, а пак некои не.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 01 630x330.jpg

Иако границата меѓу лудоста и генијалноста е тенка, сепак ќе се согласиме со фактот дека не секој „луд“ човек е генијалец.

Во продолжение за вас издвоивме 10 екстремно чудни и бизарни пронајдоци, кои достигнаа голема популарност ширум светот:

1. Патка или куче?!

Дефинитивно, еден од најбескрупулозните производи. Имено, маската во вид на патка служи за да му оневозможи на вашето куче да лае.

Колку и да е корисен, несомнено станува збор за еден од најчудните пронајдоци на човечкиот мозок.

Љубителите на животни, особено на кучиња покажале навистина дрчно негодување во врска со оваа „корисна“ иновација.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 02 630x370.jpg

2. „Природни“ стомачни мускули

Сите знаеме дека секојдневното вежбање е рутина кон која не секој умее да се придржува до крај.

Но, не заборавајте дека практично живееме во „светот на чудата“, каде сè е можно и остварливо, па дури и да добиеме стомачни мускули без да вежбаме. Сè што треба да направите е да ја ставите оваа „извонредна“ направа на вашиот стомак и да чекате да се случи чудо.

Покрај комичноста на овој пронајдок, без сомнеж тој претставува една од најголемите иновациски измами.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 03 630x370.jpg

3. Шолја за кафе во улога на пегла за алишта

Доколку ви здодеа да бидете „домаќинка“ и секогаш ви недостасува време да ги извршите сите задачи, па барате производ што може да ви помогне, тогаш ние го имаме решението за вас.

Шегата на страна, двојноста во овој производ се состои од тоа што додека ја пеглате вашата облека, можете да се напиете голтка-две од вашето топло кафе.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 04 630x370.jpg

4. Велосипед за „на нога“

Знаеме, практично тешко е да се поверува во ова, но велосипедот што го гледате на долунаведената фотка, всушност навистина постои.

Наводно, тој бил создаден за да ги поттикне луѓето што повеќе да се придржуваат кон велосипедизмот во урбаната средина.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 05 630x370.jpg

5. „Недепилирани“ хулахопки

Досега не се нашол човек кој донел конкретен заклучок во врска со создавањето на оваа неверојатно бизарна иновација.

Веројатно, доколку би сакале некому „културно“ да дадете до знаење дека не сте заинтересирани, обидете се да ги облечете овие „недепилирани“ хулахопки.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 06 630x370.jpg

6. Караоке во бањата

Обожавате да пеете под туш?! Не срамете се. Со вас е поголем дел од човековата популација.

Па, не е ни чудно што е измислен микрофонот за туширање, направен од сунѓер, за кој се вели дека има моќ барем за миг да ве претвори во најголемиот музички талент.

Интересно е што токму овој микрофон собрал низа позитивни оценки на Амазон.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 07 630x370.jpg

7. „Куќарка“ за вашата банана

Јапонија е еден од „добропознатите играчи“ во областа на најлудите пронајдоци, а случајот со „куќичката“ за банана е само уште еден доказ за тоа.

Всушност, станува збор за пластична кутија за вашата банана, која во основа треба да ја заштити од нечистотија. А за што тогаш постои лушпата, сепак ќе остане мистерија.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 08 630x370.jpg

8. Мулти-функционална вратоврска

Оваа вратоврска во себе го содржи таканаречениот меур, умешно сокриен и „маскиран“, што може да се користи за носење на каков било вид пијалак.

Значи, ако сте под стрес, вашата вратоврска е секогаш тука за да ве „спаси“, само повлечете една голтка, но секако - не претерувајте.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 09 630x370.jpg

9. Уред за мокрење кај жените

Заслугата за оваа иновација е на Едит Лејси, човекот кој оваа идеја ја изреализирал околу 1920-ите години.

Уредот им овозможува на жените да уринираат додека стојат - слично како и мажите.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 10 630x370.jpg

10. Тоалетна хартија „монтирана“ на главата

Ако нешто друго би можело да биде почудно од уредот за женско уринирање, тоа е носењето на тоалетна хартија на вашата глава.

Сепак, дел од луѓето изјавиле дека овој производ е навистина практичен, а особено задоволни од него биле луѓето подлежни на чести настинки.

Toaletna-hartija-montirana-na-glavata-alkoholna-vratovtska-ekstremno-chudni-i-bizarni-inovacii-popularni-shirum-svetot 11 630x370.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg