Maжена жена си плаќа професионален „гушкач“ - вели дека маж ѝ не е љубоморен

Замислете вашиот партнер/ка да се гали и гушка со некој/а друг/а за да си ги наполни батериите... Би му дозволиле ли?

mazhena-zhena-si-plakja-profesionalen-gushkach-veli-deka-mazh-i-ne-e-ljubomoren-01.jpg

Саскриа Ларсен е актерка од Њујорк и мажена жена која вели дека си плаќа 80 долари на час за ангажман на професионален „гушкач“.

Вели дека на нејзиниот сопруг не му пречи што се среќава со друг маж за прегратки и милување и е 99% сигурна дека тој не е љубоморен.

Ларсен го користи сервисот „Cuddlist“ и ангажира луѓе за гушкање додека е далеку од дома поради својата актерска кариера.

mazhena-zhena-si-plakja-profesionalen-gushkach-veli-deka-mazh-i-ne-e-ljubomoren-02.jpg

„Многу луѓе мислат дека е чудно што ангажирам некој за гушкање, а сум мажена жена, но не ми е грижа, навистина не ме интересира што мислат другите. Сакам прегратки и сакам како тие влијаат врз моето тело и чувства. Мојот сопруг не е љубоморен затоа што отворено зборувам со него за тоа“, вели Ларсен.

„На секого би му препорачала милување затоа што тоа прави да се чувствуваме како луѓе. Не кршам никаков завет кон мојот сопруг“, вели таа и додава дека нивниот брак е моногамен и со прегратките со друг маж таа не го прекршува тоа.

mazhena-zhena-si-plakja-profesionalen-gushkach-veli-deka-mazh-i-ne-e-ljubomoren-03.jpg

„Кога сме заедно ние се милуваме постојано, па разбирам зошто ѝ е потребен таков контакт кога е далеку од дома“, вели нејзиниот сопруг полн со разбирање.

Што мислите вие за ова? Би му дозволиле ли ваков тип на релаксација на својот партнер?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg