Скриени детали во соблекувалните кои ве тераат да потрошите повеќе пари во продавниците за облека
Соблекувалните секогаш се на крајот од продавницата, а има причина за тоа - ако земете парче од почетокот на продавницата, дури да стигнете до соблекувалната сигурно ќе ви се допадне уште нешто.
Кога купувате облека, особено ако станува збор за поскапо парче, сигурно сакате и да пробате пред да платите. А, бидејќи она што ќе го видите во соблекувалните има огромно влијание врз вашата одлука, продавниците им обрнуваат посебно внимание.
На пример, дали сте забележале дека некоја облека ви стои одлично во соблекувалната, но дома изгледате смешно во неа?
Ова воопшто не е случајност, бидејќи огледалата во повеќето продавници прават да изгледате послабо и повисоко.
Во продолжение погледнете кои се другите скриени детали во соблекувалните што ве тераат да потрошите повеќе пари за облека:
Трик со огледала
Дали ви се случило да си купите нешто бидејќи во соблекувалната ви стоело одлично, а кога ќе го пробате дома, да сфатите дека тоа парче не е најдобро за вас?
Обично, бидејќи соблекувалните се мали, речиси е невозможно да се видите цели. Истовремено, во некои продавници огледалата прават да изгледате послабо и повисоко, па сметате дека облеката ви стои подобро.
Валкан под
Бидејќи внатре влегуваат многу луѓе, подовите на продавниците се валкани, а истото важи и за подот во соблекувалната. Секако, со чест на исклучоци.
А, кога во неа нема тепих или нешто слично на подот, веројатно ќе се двоумите дали да стапнете со боси нозе, или ќе гледате да завршите што е можно побрзо и нема да обрнете многу внимание на облеката.
Неретко, ова ги тера купувачите воопшто да не ја пробаат облеката, туку директно да ја купат.
Недостаток од закачалки
Сигурно многупати сте забележале дека во соблекувалната има само една закачалка, на која не знаете што попрво да закачите, особено ако сакате да пробате повеќе парчиња облека.
И ова е трик што може да ве натера да го прескокнете пробувањето и само да ја купите облеката.
Завеса наместо врата
Повеќето соблекувални немаат врата, туку само завеса, а изгледа постои и причина за тоа (освен финансиска заштеда).
Кога пробувате облека во соблекувална со завеса, веројатно ќе брзате повеќе бидејќи немате практично никаква заштита – постојано мислите на тоа дали некој ќе ви ја тргне завесата.
Во брзањето, нема да обрнете многу внимание на облеката што ја пробувате, а со тоа се зголемува веројатноста да купите и парче што не ви стои најдобро.
Уште еден трик со огледала
Веќе напоменавме дека во тесната соблекувална тешко дека ќе се гледате цели, па тогаш сте принудени да излезете и да го користите големото огледало во просторот со соблекувални.
Кога ќе излезете, голема е веројатноста да ви пријде некој од вработените кој не само што ќе ве убедува дека изгледате одлично, туку можно е да ви предложи и парчиња за комбинирање.
Па, на крај, ќе излезете од продавница со панталони што не ви стојат добро, но и уште 2-3 маички што наводно изгледаат одлично со нив.
Поголем број соблекувални
Некои истражувања покажале дека повеќето луѓе ќе се откажат од купувањето облека ако треба да чекаат во редица за да ја пробаат. Затоа, на продавниците им е од корист да имаат повеќе соблекувални.
На овој начин повеќе луѓе ќе пробаат облека, што значи се зголемува бројот на потенцијални купувачи.
Осветлување
Светлото е еден од најважните детали во соблекувалните. Лошото светло во соблекувалната може да ги открие сите ваши недостатоци, и со тоа да ве натера да се откажете од некое парче облека.
Затоа, голем број соблекувални имаат малку придушено светло, а неретко и сијалици кои добро го осветлуваат лицето, но не се премногу јаки, така што ги покриваат вашите недостатоци.
Поставеност на соблекувалните
Можеби и самите сте забележале дека соблекувалната секогаш се наоѓа на крајот од продавницата.
Причината за ова е едноставна – дури и ако земете парче од почетокот на продавницата, дури да стигнете до соблекувалната сигурно ќе ви се допадне уште нешто.
Истовремено, околу соблекувалната често има поатрактивни продукти кои сигурно ќе ги разгледате ако чекате ред.
Спирова С. | Црнобело