8 причини зошто животот во туристичко место, покрај море, не е како од соништата
Високи цени на недвижности и кирии, како и гласни соседи
Ако купите имот на централна и атрактивна локација ќе биде прескапо и можно е да имате соседи гласни туристи.
Може да биде проблем пронаоѓањето на работа за во текот на целата година
Откако ќе си заминат туристите многу работни места се затвораат до наредната сезона, па луѓе остануваат без работа.
Морето нема да ви биде возбудливо како претходно
Ако пред тоа секое одење на море ви беше врвно задоволство, сега ќе се навикнете на него и некогаш наместо на плажа, позабавно ќе ви биде да гледате телевизија дома.
Можно е да ја нема магијата на Нова Година
Ако сте навикнати на снешковци и студено време за Нова Година уште од детството, можно е да ви недостига оваа магија кога ќе славите со сонце покрај море (ако одберете таква дестинација). Интересно звучи Нова Година под некоја палма, но тој период од годината си асоцира на снегче, камин и чајче.
С. С. | Црнобело