8 причини зошто животот во туристичко место, покрај море, не е како од соништата
Улиците ќе бидат преполни со туристи константно, исто така и јавниот превоз и кафулињата, а цените на сѐ ќе бидат повисоки.
Сигурно и вие понекогаш сонувате за живот покрај море со бел песок, палми во некое крајбрежно гратче, кое е атрактивна туристичка дестинација и со одење на плажа кога ќе посакате... И во мислите ви изгледа совршено.
Но, дали животот таму би бил така неверојатен како што очекуваме?
Можеби ќе јадете морски плодови постојано и ќе уживате во мирисот на морето, но ќе има и некои негативни страни.
Причини зошто животот на туристичко место, покрај море, не е како од соништата:
Голема влажност на воздухот и негативните последици од тоа
Од тоа што ќе мора да ја сушите облеката во машина за сушење на алишта до тоа што ќе ви се случува со ѕидовите и таванот во домот да биде прекриени со мувла, преголемата влажност на воздухот (зависно од местото) носи доста негативни последици.
Ќе немате мир од иритантните туристи
Улиците ќе бидат преполни со туристи константно, исто така и јавниот превоз и кафулињата, а цените на сѐ ќе бидат повисоки. Замислете само да живеете во Венеција.
Надвор од сезона местото ќе биде пусто и тажно
Кога ќе настапат постудените денови многу кафулиња и ресторани ќе се затворат, ќе нема забави на плажите, нема да работат забавните паркови. Секако, не земаме предвид дека сега секако е затворено заради корона пандемијата, зборуваме за некои подобри времиња.
Како резултат на тоа местото ќе изгледа пусто и покрај тоа што ќе настапи долоочекуваниот мир што го посакувавте, можно е да ве зафати чувство на осаменост.
Кога ќе биде топло, и ќе постои опцијата – плажа, нема да сакате да работите
На тропските места ќе ви треба челична самодисциплина за да останете на работа во канцеларија, наместо да уживате на плажа како огромниот број на туристи.