Некогаш и таа е бунтовник: 10 кралски правила што ги прекрши кралицата Елизабета
Знаевте ли дека кралицата Елизабета е онаа што го нормализира ракувањето и зборувањето со „обични“ луѓе? До пред само неколку децении, членовите на кралското семејство воопшто не им се приближуваа на толпите народ, но благодарение на Елизабета, денес е сосема нормално да се ракуваат и да разговараат со сите.
Поради популарноста на британското кралско семејство, сите ги научивме кралските протоколи и правила на однесување. Неретко слушаме дека некој од помладите членови прекршил некое правило, како модните избори на Кејт Мидлтон или отвореноста на Вилијам кон неговите фанови, но знаевте ли дека и самата кралица не секогаш ги почитува?
Повеќето од овие правила останале поради традиција, па никој од кралското семејство не прави штета кога ги прекршува. Сепак, може да ни изгледа необично кога Елизабета е онаа која „бунтува“ против кралските протоколи.
Во продолжение погледнете кои правила ги има прекршено кралицата Елизабета:
Си ја средува шминката во јавност
Без разлика колку долго треба да бидат присутни на некој настан, жените од кралското семејство не треба да си ја средуваат шминката пред очите на сите. Елизабета го има прекршено ова правило неколкупати. На фотографијата подолу, направена во 1985-та, Елизабета без проблем си става кармин во јавност.
Прифаќа букети од фанови
Иако ова е само учтив гест, кралицата не смее да прифаќа букети од кој било. Но, Елизабета со задоволство ги прифаќа букетите што ѝ ги даваат фановите.
Дава автограми
Членовите на кралското семејство не смеат да даваат автограми, но ова е правило што го прекршуваат скоро сите, вклучувајќи ја и Елизабета.
Причината за ова правило е опасноста од фалсификување на потписот, но иако ретко, некогаш Елизабета го прекршува.
Беше дел од војската
Елизабета е првата жена од кралското семејство која го прекрши правилото според кое само мажи можат да бидат дел од англиската војска. Таа служеше војска во 1945-та, додека уште беше само принцеза.
Ја покани Меган Маркл на кралската божиќна прослава
Кралицата ја покани Меган Маркл на божиќна прослава во палатата уште пред венчавката со Хари. Според традицијата, само сопружниците на членовите од кралското семејство можат да присуствуваат на оваа прослава. Тогаш, Меган и Хари беа само дечко и девојка.