Некогаш и таа е бунтовник: 10 кралски правила што ги прекрши кралицата Елизабета
Им дозволи на Вилијам и Кејт да канат пријатели на свадбата
Според правилата, на кралските венчавки се канат моќни и влијателни луѓе. Но, во 2011-та Елизабета им дозволи на Кејт и Вилијам блиските пријатели да бидат приоритет на венчавката.
Присуствува на погреби
Кралицата не би требало да присуствува на погреби поради добра причина – во тие тажни моменти, таа не треба и не сака да го привлекува вниманието на присутните. Сепак, Елизабета неколкупати го прекрши ова правило и има посетено неколку погреби, вклучувајќи го и погребот на Маргарет Тачер.
Дозволи свадбата на сестра ѝ да се емитува на телевизија
Денес сите можеме да ги следиме кралските венчавки, но во минатото ова не било дозволено. Сакајќи да го доближи кралското семејство до јавноста, во 1960-та Елизабета дозволи венчавката на нејзината сестра да се емитува на телевизија.
Секогш се поздравува и разговара со „обичните“ луѓе
Во минатото, членовите на кралското семејство никогаш не се поздравувале со „обичните“ луѓе. Но Елизабета го прекрши ова правило и почна да се поздравува и запознава со сите.
Всушност, таа е првиот член на кралското семејство кој го нормализира ова, па денес постојано гледаме како и другите членови без проблем се движат низ толпа, се поздравуваат и разговараат со сите.
Му дозволи на Чарлс да се венча со разведена жена
Кога станува збор за бракови, кралското семејство има многу строги правила, а едно од нив е и забраната за склучување брак со разведена личност. Принцот Чарлс и Камила имаат долга историја, уште пред Дијана, но бидејќи Камила е разведена, не смееја да стапат во брак.
Тие се венчаа дури во 2005-та, откако кралицата го дозволи тоа. Потоа, Чарлс му даде благослов на Хари и тој да го направи истото, односно да се венча со Меган.
Спирова С. | Црнобело