Ѓердан од 1.386 евра од Bottega Veneta, што личи на плaстичен кабел од телефон, стана мета на онлајн критики
„Ало, баба ми си го сака кабелот од фиксниот телефон назад“ е еден од шеговитите коментари за новиот ѓердан на престижниот моден бренд.
Ѓердан од италијанскиот моден бренд Bottega Veneta стана мета на лоши коментари и исмејување на интернет.
Ѓерданот кој чини околу 1.386 евра во виолетова и зелена нијанса многумина ги потсети на изгледот на пластичните кабли од старите фиксни телефони.
Покрај ѓердан, брендот продава дури и вакви обетки и прстен.
Луѓето ширум светот се шегуваат дека наместо да даваат ваква вртоглава сума за овој ѓердан ќе одат во куќите на своите баби и дедовци и ќе го извадат кабелот од нивниот стар телефон.
Многумина овој потег на модниот бренд го прогласија за измама и за лудило.
Погледнете како изгледа ѓерданот на Bottega Veneta и споредете го со каблите од старите телефони:
Фото извор: NET-A-PORTER
Кабел од телефон:
С. С. | Црнобело