Не правете видео повици без најава и уште 9 задолжителни бонтон правила во ерата на технологијата
Не додавајте странци на социјалните мрежи, не испраќајте скриншот од разговорот со некоја личност, не споделувајте туѓи фотографии без дозвола - развојот на технологијата навистина ни донесе многу нови правила на однесување.
Развојот на технологијата промени многу нешта во нашите животи – од комуникација, па сè до начинот на работа. А, со толку многу новости, се појавија и нови бонтон правила кои би требало да ги почитуваме.
Погледнете ги 10-те бонтон правила кои станаа норма во ерата на технологијата:
Оставете телефонски број ако се паркирате на лошо место
Кога сте во брзање може да се случи да го паркирате автомобилот на незгодно место и да „заробите“ некој на паркингот. Бидејќи денес сите имаме мобилен телефон, во ваквите ситуации, секогаш е добро да оставите телефонски број во случај да треба веднаш да го преместите автомобилот.
Не правете видео повици без најава
Никогаш не знаете каде е или што прави личноста која ја барате, па ако планирате да направите видео повик, секогаш треба да се најавите и да побарате дозвола.
Не додавајте странци на социјалните мрежи
Денес ретко кој ќе прифати барање за пријателство на Фејсбук од целосен странец. Дури и ако личноста ви изгледа познато, ако не се познавате лично, со барањето за пријателство ќе ја натерате да донесе непријатна одлука – или да ве одбие и да ви ги повреди чувствата, или да ве прифати без да сака.
Не барајте од блиските да гласаат за вас или вашето дете
Колку пати некоја блиска личност ви рекла да гласате за цртежот на нејзиното дете или нешто слично на Фејсбук? Во овие моменти сигурно сте се почувствувале непријатно. Ако, пак, вие имате навика да го барате ова од другите, време е да престанете. Најпрво, со молењето за лајкови се губи смислат на ваквите натпревари, а истовремено, ретко кој со задоволство ќе гласа за вас.
Не споделувајте фотографии од други без дозвола
Социјалните мрежи се важен дел од нашите животи и никој не сака да се споделуваат информации и фотографии од него без дозвола. Денес е доволна една лоша фотографија за да нарушите нечиј углед, па немојте да објавувате ништо ако не добиете дозвола за тоа.