9 фото-предлози како да ги поминувате пролетните викенди за да не се затворите дома
Не можеме да знаеме дали не очекува реприза и ограничување на движењето за викенди, па нема ништо да изгубите ако паметно го користите секој викенд, како да е последен слободен и уживајте во разновидни активности - секако ако времето ви дозволува.
Наместо да се затворите дома, излежувајќи се по цел ден во кревет или наоѓајќи изговори дека мора да го исчистите домот – дајте си одмор и уживајте во животот, затоа што е еден.
Со добра организација има време за сè, а генералката сигурно не треба да ви е оправдување за скратување од животни задоволства.
Ако не сакате гужви, ниту пак големи планови, доволно е само да изберете неколку омилени активности и да ги примените.
Не мора да значи дека мора да патувате цел викенд или да се подготвувате со часови, некогаш е доволно само да најдете причина да излезете од домот барем накратко - сами, со партнерот или со најблиските.
Она што ве прави моментално среќни – независно дали ќе биде пикник, планинарење или пазарење свежи намирници и цвеќиња за подоцна да уживате во домот.
Идеи како да ги искористите викендите за да не бидете по цел ден дома или да се досадувате:
Купете неколку омилени печива, десерти, пијалак и одете на пикник во природа со партнер/пријател
Или земете си го омиленото јадење и книга и уживајте сами во природа
Прошетајте и одберете си цвеќиња за пролетно раузбавување на домот/градината
И задолжително прошетајте по локалните пазари и снабдете се со свежи намирници – уживајте во процесот, не го гледајте како обврска
Отворете ја сезоната за семејна скара-дружба во двор или викендица
Наместо да се собирате внатре, излезете и играјте друштвени игри во природа
Истражувајте го градот, планините и околината на велосипед – сами или во друштво
Ако не сте велосипедист, станете од кревет и искачете се на планина – нема да се покаете
Откривајте неистражени места низ земјава и направете си катче за одмор во автомобил
Ова се само 9 причини да станете од кревет и да излезете од домот за време на викенд, а сигурни сме дека има уште 101. Што ќе додадете на листата?
М. М. | Црнобело