3 работи кои вашата сингл пријателка во 30-тите сака да ги слушне

Кога си сингл, тоа е твој избор, но со тој избор си доаѓаат и ред работи кои не сакаш да ги слушнеш.

3-raboti-koi-vashata-single-prijatelka-vo-30tite-saka-da-gi-slushne-001.jpg

Од прашањата „Дали го најде посебниот?“ до заклучоците „Кога свадба? Немаш уште многу време...“ - на многумина им е преку глава.

Сепак, постојат одредени реченици кои секоја сингл жена во 30-тите сака да ги слушне од својата најдобра пријателка, а не се горенаведените.

1. „Имаш отворена покана“

Ова се однесува дури и на собирите „во парови“ каде сингл пријателката може да се почувствува како „некомплетна“ ако дојде сама.

Ако моментално нема партнер или дете, не значи дека не може да се радува на твојата среќа или пак, дека нема да се снајде во друштвото. Само, однесувајте се сите како едно друштво за да не се чувствува како да пречи. 

2. „ Како си?“

Покажете дека вистински се грижите за нејзиното физичко и ментално здравје, дека ви е важна нејзината среќа, без притоа да ја врзувате со друга личност. Преку глава ѝ од сите да ги добива истите прашања за партнерот, па ќе ѝ значи ако од вас слушне дека ви значи нешто повеќе од таа тема за неа.

3. „Ајде да прославиме заедно“

Научете да ги славите ситниците кои ѝ се случуваат на неа. Тоа што некој не ја запросил, тоа што не се венчала или не родила дете не значи дека нема што да прослави. Забележувајте ги важните моменти во нејзиниот живот и прославете ги. 

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg