Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Волшебни фотографии направени под вода од финалистите на натпреварот за најдобар подводен фотограф на годината

Натпреварот за најдобар подводен фотограф на годината, Underwater Photographer of the Year, се одржува веќе неколку години, а неодамна беа прогласени и овогодишните победници.

volshebni-fotografii-napraveni-pod-voda-poglednete-gi-finalistite-na-natprevarot-za-najdobar-podvoden-fotograf-na-godinata-01.jpg

Натпреварот за најдобар подводен фотограф се одржува од 2015-та година и оттогаш прерасна во огромен настан. Уште на првиот натпревар во 2015-та биле пријавени над 2.500 фотографии, од 40 држави ширум светот, а за натпреварот годинава жирито избирало од 4.500 фотографии, од 68 различни држави.

Правилата на натпреварот се едноставни – учесниците треба да испратат фотографија направена под вода или делумно под вода, не постара од 5 години, а притоа да не користат алатки за уредување како Фотошоп. Фотографите се натпреваруваат во 14 различни категории, а неодамна беа објавени победниците за периодот 2020/21.

Главен победник на овогодишното доделување е американскиот фотограф Рене Капозола, со волшебна фотографија од ајкули, направена во Француска Полинезија.

volshebni-fotografii-napraveni-pod-voda-poglednete-gi-pobednicite-na-natprevarot-za-najdobar-podvoden-fotograf-na-godinata-02.jpg

Интересно е што поради рестрикциите во 2020-та и немањето услови за патување, натпреварот е додадена уште една категорија – „Мојот двор“.

„Со оваа категорија сакаме да покажеме дека можат да се направат одлични подводни фотографии, дури и кога фотографите се присилени да останат во близина на нивниот град“, изјави еден од судите во жирито.

Победникот во оваа категорија е британскиот фотограф Марк Киркленд, со фотографија направена во мало езерце во Глазгов.

volshebni-fotografii-napraveni-pod-voda-poglednete-gi-pobednicite-na-natprevarot-za-najdobar-podvoden-fotograf-na-godinata-03.jpg

Сите победнички фотографии, заедно со имињата на фотографите можете да ги погледнете ТУКА.

Дел од најдобрите фотографии пријавени на натпреварот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес) Првата фотографија од Њујорк, кога повеќе наликувал на село, првата фотографија ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Како изгледаат 14 славни мажи и нивните синови на иста возраст? Бруклин Бекам, кој неодамна наполни 25 години, не се разликува многу од неговиот...
Низ илустрации: Колку се смени животот во последните 30 години? Родителите го почитуваат мислењето на децата, зависни сме од технологија... Кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg