Кинезите имаат разбирање за сите - Рецепти за среќа според народите на 6 различни земји низ светот
Човекот е создаден за среќа, како што птицата е создадена за летање – тешко е да го оспориме ова.
За жал, постојат толку многу работи кои ни ја разнишуваат среќата – лоша работа, неразбирања со блиските, непослушни деца...
Но, од друга страна постојат неколку работи кои може да ги пробате, кои наводно луѓето ширум светот ги прават кога сакаат да почувствуваат вистинска среќа.
Италијански рецепт за среќа – dolce far niente или во превод „убавината на правењето ништо.“ Дозволете си да бидете мрзеливи, каснете нешто вкусно и заборавете на калориите, а сите обврски ставете ги на чекање - секако, доколку тоа е возможно.
Кинески рецепт за среќа – да имате разбирање за секој човек на планетата земја е нивната тајна. Односно, уживајте во едноставноста на шолја чај и долг разговор со близок човек.
Германски рецепт за среќа – бегство од секојдневието. Односно, фантазирајте за некое ново патување и почнете да го планирате.
Канадски рецепт за среќа – се обидуваат расположението да не им зависи од влијанијата како храна, време или луѓето околу нив. Индивидуалци се во поголемиот дел од времето, па нивниот рецепт за среќа е одење на некој спортски натпревар, на пикник или во кафуле со пријателите.
Индонезиски рецепт за среќа – хармонијата помеѓу вкусната храна, природата и луѓето за нив е клучна. А, вие тоа може да го споите во краток излет под отворено небо, со спакувана кошница храна.
Африкански рецепт за среќа – веруваат дека животот без проблеми не постои, но ако ситуацијата не можете да ја промените – едноставно насмевнете се дури и кога ви е најтешко. Тие тоа го прават гледајќи се во огледало.
М. Д. | Црнобело