Зошто да купите/посвоите куче
Кучето е навистина најдобар пријател на човекот. Оние кои имале можност да чуваат знаат какво е чувството на исполнетост и среќа во домот кога чувате кутре.
Оние кои се уште не се решиле на вакво милениче, ова се неколку причини кои можеби ќе ве предомислат.
1. Ние чувствуваме кога луѓето се тажни и знаеме како да ги развеселиме.
2. Попаметни сме од луѓето и никому не му мислиме лошо.
3. И кога сите ќе ве изневерат, ние внимателно ќе останеме и ќе ги слушаме вашите проблеми.
4. Не бираме средства како да изнудиме насмевка на вашето лице.
5. Ние сме вистински заводници.
6. Пееме подобро и од Боки 13!
7. Глумиме подобро и од Џек Николсон!
8. Парис Хилтон не ни е ни до колена.
9. И воглавно, што и да правиме – го правиме со стил!