Маж од САД цела година живеел само од храна што ја одгледувал и собирал во природата

Сакајќи да ја нагласи сериозноста на проблемот со загадувањето и да ги инспирира луѓето да почнат да работат на овој проблем, еден маж од САД цела година живеел само од храна што ја одгледувал во дворот или ја собирал во природата.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-01.jpg

Роб Гринфилд е активист кој со неговите подвизи се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон некои од најважните теми, како загадувањето. Тој сака да ги инспирира другите да пробаат да живеат поодржливо – да трошат помалку ресурси и енергија – а за да го постигне тоа, Роб оди до екстреми.

Цели 12 месеци, Роб успеал да живее само од храна што ја одгледувал самиот или што ја собирал во природата.

Нормално, Роб не ја донел одлуката да се обиде дa живее вака преку ноќ. Почнал со планирање во 2017-та година, кога контактирал неколку заедници кои живееле нa сличен начин. Од нив научил како да одгледува разни зеленчуци, на што е можно поеколошки начин.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-06.jpg

Потоа поминал 10 месеци во подготвување. Собирал семиња за садење, учел за одгледувањето на храната, а направил и стакленик. На 11-ти ноември 2018-та, тој го почнал неговиот подвиг, кој траел сè до ноември следната година.

Во Орландо, Флорида, тој си направил куќа од рециклирани материјали, од кои повеќето ги собирал од депонии и луѓе кои не ги користеле.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-02.jpg

Роб сметал дека Орландо е одлична локација за ваков проект, бидејќи времето е релативно топло, па можел да одгледува растенија во текот на целата година. Истовремено, тој одбрал град, а не село, за да натера што е можно повеќе луѓе да живеат поодржливо.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-05.jpg

Роб вели дека за да стигне дотука, правел мали чекори. Најпрво почнал со мали промени – кога пазарел секогаш си носел торба, возел велосипед наместо автомобил и купувал облека и покуќнина на старо.

Во 2016-та, пак, отишол во Бразил без „скршен денар“ и оттаму планирал да оди до Панама. Тогаш Роб пропатувал седум држави, а се потпирал само на дарежливоста на луѓето, од кои најчесто барал работа во замена за храна или пари. За овој подвиг е направена и документарна серија на Discovery Channel, насловена Free Ride.

Поради екстремниот активизам, Роб е доста популарен на социјалните мрежи, а има држено и многу говори во врска со екологијата и одржливото живеење. Иако проектот со одгледувањето на храна е завршен, тој сè уште се обидува да живее со минимални трошоци и да прави што е можно помалку отпад.

Сите пари што ги заработува од профилите на социјалните мрежи ги донира во организации.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-03.jpg

Кога го заврши неверојатниот подвиг во ноември 2019-та, Роб ја сподели приказната на неговиот веб-сајт:

„Изминатава година ја одгледував и собирав целата моја храна. Не купував од продавници, не јадев во ресторани, не одев ни во бар на пиво! Природата беше мојата градина, мојот шпајз и мојата аптека.

Можеби си замислувате дека живеев во село или на фарма. Но, јас живеев во урбаната средина на Орландо, Флорида, во колиба што ја направив со рециклирани материјали. Одгледував над 100 разни видови овошје и зеленчук во градината, а собирав над 200 видови храна од природата, вклучувајќи и лековити билки.

Сега, една година подоцна, успеав во намерата и се чувствувам посреќно и поздраво отколку кога почнав“, пишува Роб.

mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata.jpg

Тој споделува и неколку одлични совети за луѓето кои сакаат да го намалат нивното негативно влијание врз природата, а не се подготвени на ваков екстремен чекор:

„Можете да си одгледувате малку ваша храна – некој зачин во саксија, домати на балконот, или направете си мала градина во дворот. Почесто купувајте свежи продукти кои ќе ги готвите сами и со кои ќе правите помалку отпад“.

bez-prodavnici-restorani-ili-pijachka-vo-bar-mazh-od-sad-cela-godina-zhiveel-samo-od-hrana-shto-ja-odgleduval-i-sobiral-vo-prirodata-04.jpg

Роб напишал и книга од целото искуство – Food Freedom – а парите од заработката ќе ги донира во непрофитни организации кои ја имаат истата цел како него.

Во видеото Роб ја покажува куќичката во која живеел тој период:

Загадувањето и отпадот од храна стануваат сериозен проблем, а Роб само сака да го нагласи тоа. Нормално, нема потреба да го правите истото како и него за да помогнете во решавањето на овој проблем, туку доволно е да ги послушате неговите совети.

На пример, размислете колку храна фрлате во текот на неделата. Обидете се наместо да ја фрлате, да ја искористите максимално – прво консумирајте продукти чиј рок на траење е при крај, или ако ви останало многу храна од некој оброк, замрзнете ја и изедете ја друг ден.

Наместо да користите кеси во супермаркет, секогаш пазарувајте со ваша торба. Наместо секој ден да возите автомобил, обидете се почесто да возите велосипед или да одите пеш…

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg