„Родители, освестете се“ - Бизарни ТикТок предизвици со кои девојките докажуваат колку се слаби

„Кога ќе видам како 8-годишни деца зборуваат за диети, 13-годишни деца мерат индекс на телесна маса, а 16-годишни момчиња зборуваат за груб секс, како и мали деца кои си замотуваат слушалки од нивните телефони за да проверат колку им е тенок струкот, морам да зборувам јавно...“

bizarni-tiktok-predizvici-so-koi-devojkite-dokazhuvaat-kolku-se-slabi-01.jpg

ТикТок е креативна и забавна платформа со убава енергија, НО, за жал, е и платформа поради која децата од најмали години прават непромислени и опасни работи. Инфлуенсерка од Дубаи апелира за оваа алармантна ситуација.

Данае Мерсер (33) е инфлуенсерка и новинар која живее во Дубаи и постојано промовира позитивност кон своето тело, без разлика колку несовршено е тоа.

View this post on Instagram

A post shared by Danae Mercer Ricci (@danaemercer)

Таа преку своите фотографии испраќа порака дека се сака таква каква што е со сите лузни, стрии, целилит итн.

View this post on Instagram

A post shared by Danae Mercer Ricci (@danaemercer)

Сега, Мерсер отворено проговори за својата загриженост од новите ТикТок предизвици со кои девојките, па и момците докажуваат колку се слаби.

Апелот на Мерсер:

„Ајде да зборуваме што се случува на ТикТок.

И покрај сѐ, сакам оваа платформа да остане навистина среќно место. Безбедно место во свет каде работите не изгледаат сјајно.

Но, кога ќе видам како 8-годишни деца зборуваат за диети, 13-годишни деца мерат индекс на телесна маса, а 16-годишни момчиња зборуваат за гушење и плукање при секс, како и мали деца кои си замотуваат слушалки од нивните телефони за да проверат колку им е тенок струкот, морам да зборувам јавно.

Наредниот пат, ќе им се јавам на одговорните на ТикТок. За да зборувам со нив за сето ова.

Искрено, ми се допаѓа ТикТок како платформа. Забавна е и креативна, полна со енергија, промовира нови идеи.

Но, сепак не ми се допаѓа целосно.

Не ми се допаѓа како на креатор кој промовира самодоверба и сакање на телото со искрено прикажување на целулитот и стриите.

ТикТок ги брише профилите на ваквите активисти.

Ги цензурира маргинализираните тела и гласови. Ги исклучува комплетно.

А истовремено, дозволува вакви видеа, вакви трендови.

Дозволува бикини, но само ако се на одреден тип на тело. Или кога целулитот е отстранет од тоа тело.

Изоставив многу од работите кои сум ги видела или ми ги пратиле.

Најмногу затоа што тоа се видеа од мали девојчиња кои се трудат да докажат дека нивните тела одговараат на некој предизвик за изглед на телото.

Како новинарка, уморна сум да седам мирно и да се надевам дека нешто ќе се промени.

И како девојка која имала проблеми со нарушувања во исхраната, навистина сум загрижена.

Немам решение сѐ уште, но сакам да знаете.

Вие мајки, сестри, моќни души, бидете свесни што се случува и грижете се за оние што ги сакате. Грижете се за себе.

Затоа што интернетот може да биде прекрасен, креативен и забавен, но може да биде и комплетно спротивност.

И ние заслужуваме подобро од тоа. Малечките, исто така.“

Дел од бизарните предизвици за кои апелира Мерсер:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg