Зошто Илон Маск делува како да му е „непријатно“ за време на јавни говори и интервјуа?

Илон Маск неодамна стана најбогат човек на светот, но ситуацијата постојано се менува. И покрај огромното искуство зад себе и сето она што го има постигнато и направено, честопати се поставува прашањето - зошто кога дава интервјуа, изгледа како да му е непријатно?

zosto-elon-musk-deluva-kako-da-mu-e-neprijatno-za-vreme-na-intervjua-01.jpg

Илон е вистинска слика за она што многу од паметните луѓе го имаат заедничко:

  1. Нивниот мозок ги прима информациите многу брзо, дури и кога зборуваат.
  2. Тие честопати се потат за време на дискусија и разговор пред голема публика.
  3. Сумирање е збор кој не можете да го најдете во нивниот речник.

zosto-elon-musk-deluva-kako-da-mu-e-neprijatno-za-vreme-na-intervjua-02.jpg

Се случува за време на интервјуа тој да запелтечи и користи дополнувања во речениците како „хм“ за да го заврши она што го зборува. Ова не покажува дека тој не знае што сака да каже, туку дека најчесто има премногу мисли во главата и сака да каже сè.

Мозокот на Илон Маск е научен да прима и брзо да обработува важни информации. За време на интервјуата тој толку брзо ги прима информациите што нема време да го испланира својот одговор. Ова е како кога наставникот ќе ве повика да одговорите на прашање и мора веднаш да дадете одговор додека сè уште се обидувате да разберете што се случува. Тој честопати гледа на страна, во сосема неповрзан објект, размислува, процесира и потоа одговара.

Прочитајте и: Ниски плати, 16-часовни смени – Како навистина изгледа да работите во Tesla, компанијата на Илон Маск?

Колку и да е чудно, паметните луѓе како Илон Маск, прават работи буквално „во лет“ што им е потребно за брз напредок во кариерата и нивното размислување е фокусирано на работите кои ги „решаваат и мислат во позадина“. Нивниот мозок работи побрзо отколку устата.

Тие се научени да доминираат со знаење во сопствената област, каде што имаат контрола над работите и постапуваат како што сакаат. Кога ќе го изгубат тоа чувство на контрола (кое во случајот го има лицето кое ги интервјуира и поставува прашања), ова им предизвикува вознемиреност.

Илон Маск е порелаксиран во интервју „еден на еден“ отколку во групни форуми и дискусии. Говорот на неговото тело е комплетно различен.

За време на интервјуата тој е секогаш ориентиран на детали (како и во бизнисот), а реално, ретко кој може да го разбере сето ова во краток разговор. Веројатно е и дека никогаш не ги вежба своите говори и секогаш има многу работи на ум.

zosto-elon-musk-deluva-kako-da-mu-e-neprijatno-za-vreme-na-javni-govori-i-intervjua-03.jpg

Како придружна забелешка која се верува дека влијае потсвесно на Илон до денес, е фактот што во детството бил жртва на булинг, еднаш дури и бил хоспитализиран – па се верува дека токму ова може да го предизвикува неговото пелтечење до денес.

Ова е видео од 2011-та за кое и тој самиот си има кажано: „Навистина сум катастрофален во говори пред публика“.

;

Е. П. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg