Одберете соодветен мирис
Скоро секоја жена сака парфеми. Не е ни чудно – кој не би сакал убаво да мириса во секое време? А, уште и ако тие убави мириси ви помагаат...
...да се чувствувате сексипилно или пак, ако ништо друго, во текот на целиот ден да уживате во пријатниот мирис кој допира од вашето тело...
Ова не е единственото за што може мирисот да ви послужи – еве за што сè може да ги искористите различните парфеми.
Ако сте поспани и никако да се разбудите, ќе ви помогнат мирисите на цитрусите затоа што ги стимулираат нервите во носот. Не е важно за кој цитрус се работи – лимон, портокал, мандарина, црвен грејпфрут... Секој може да послужи. Во недостаток на парфем со ваков мирис, можете да излупите портокал, покрај тоа што витаминот Ц ќе ве разбуди, мирисот од корката ќе ви остане барем неколку часа на рацете и ќе ве држи будни.
Би сакале да се смирите? За тоа ќе ви послужи мирисот на лаванда, затоа што ја поттикнува активноста на алфа-брановите, а тие креираат чувство на опуштеност. Ако не сакате само да се смирите туку и да заспиете, можете да се намирисате со парфем кој содржи мирис на ванила.
Доколку сакате да се почувствувате привлечно, одберете парфем со мирис на ванила и цимет – тие го поттикнуваат сексуалното возбудување. Покрај тоа, мирисот на ванила може да остави впечаток дека сте и до шест години помлади (сличен ефект ќе има и мирисот на црвен грејпфрут и бебешка пудра).
Конкурирате за работа и знаете дека жена е работодавец? Во тој случај одберете некој нежен цветен мирис, така ќе оставите добар впечаток. Комбинацијата на цветни мириси може да ви помогне и на работа, така што ќе ви ја подобри концентрацијата.
Голем број жени сакаат да изгледаат послабо, па тоа може да се постигне и со мирис, барем во очите на посилниот пол. Имено остриот цветен мирис ќе направи да им изгледате повитки одошто сте.
Ако и вие сакате парфеми, само што добивте изговор да направите мала колекција, за различни прилики- ќе ви користат.