„Месото е малку суво“ – Кинески ресторан стана хит на интернет поради искрените описи на нивните оброци
Сопственикот на еден кинески ресторан во Канада се прослави на Твитер поради неговите искрени описи на оброците што ги служат во ресторанот.
Кога ги прашувате келнерите за некој оброк во ресторан, нормално дека ќе ви кажат сè најдобро за него. Но, сопственикот на еден кинески ресторан во Монтреал, Канада, нема „влакна на јазикот“ и отворено им кажува на гостите што можат да очекуваат од секој оброк.
На веб-сајтот на ресторанот има мени, а под секој оброк е наведено мислењето на сопственикот. Сопственикот Феиганг Феи најотворено кажува што мисли за оброците, па гостите знаат што можат да очекуваат. Поради искреноста, неговиот ресторан стана хит на Твитер, откако една гостинка споделила твит, кој досега има над 72.000 лајкови и 10.000 споделувања:
„AuntDai е мојот омилен кинески ресторан во Монтреал, а најдоброто нешто е менито, на кое има екстремно искрени коментари од сопственикот“, пишува во објавата.
На твитот се надоврзале и луѓе кои веќе го имаат посетено ресторанот, а сите твитерџии имаат само позитивни коментари:
„Браво. Во сите ресторани треба да го има ова. Фотографија од храната, целосна листа со состојки и коментар“.
„Навистина е добро што се искрени, но и што се обидуваат да се подобрат“.
„Ова е најдоброто нешто што се случи годинава“.
„Овој ресторан беше отворен и во моето соседство и никогаш не го посетив. Сега ми е криво“.
На објавата се огласил и сопственикот на ресторанот, сакајќи да ѝ покаже благодарност на девојката која го споделила твитот:
„Здраво, јас сум сопственикот на Cuisine AuntDai. Благодарение на твојот твит, добив многу понуди за интервјуа. Ова беа најзафатените денови во мојот живот. Направив Твитер за да ти се заблагодарам. Ти си првата личност што ја следам на Твитер!“
Погледнете дел од коментарите што ги напишал сопственикот:
„Малку е луто, повеќе се чувствува вкус на кумин, но многу е вкусно. Претходно парчињата месо ги стававме на стапчиња, но неколку гости си направија исекотини на усните мислејќи дека се за јадење. За да ги избегнеме овие инциденти, повеќе не ставаме стапчиња“.
„Во споредба со другото наше пилешко, ова не е толку добро. Сепак, јас не сум обожавател на американската кинеска кујна, па останува вие да одлучите“.
„Според истражување на интернет, ова е најпорачуваниот оброк од страна на кинеските гости и јас целосно верувам во тоа. Кога бев во Кина, во рестораните секојпат го порачував ова. Толку е популарно, што во Кина има многу верзии. Бидејќи имав високи очекувања од овој оброк, искрено, не сум најголем фан на нашата верзија. Само не ме сфаќајте погрешно – овој оброк и кај нас е многу вкусен, но поразличен од она што сум го пробал“.
„Ова е нова понуда на нашето мени и уште сум немал можност да ја пробам. Според многу гости, овој оброк е навистина популарен. Немав време да го пробам, изгледа треба почесто да јадам во мојот ресторан“.
Искрени коментари за уште 5 јадења на следната страна...
Би можело да ве интересира:





