5 совети за среќен живот
Како да се биде среќен? Зависи од личноста, одговорот може да биде најтешкото или најлесното нешто. Оние што сеуште се во потрага по одговор...
...психолозите им советуваат неколку едноставни методи.
Не се тешки, можете да ги практикувате уште од денес.
1. Прекинете ја негативноста. Секогаш кога ќе помислите на нешто негативно, заменете го со позитивно. Наместо да беснеете ако ви се расипе автомобилот, помислете, ова е добар потсетник да внимавам на сигурноста при возењето.
Мрачните мисли можете да ги спречите со уфрлање на некои позитивни работи во секојдневието. Повторувајте ја мантрата „Животот е добар“ па...може и да излезе на добро.
2. Направете список на среќни случки. Секоја вечер запишете, или направете ментална листа на три работи, големи или мали, кои тој ден ве насмеале (расположиле).
Таа весела листа ќе му помогне на вашиот оптимизам да се вивне во височина. Што повеќе барате мали животни радости, повеќе и ќе најдете.
3. Инспирирајте ги и другите да се насмеат. Дајте и комлимент на продавачката или помогнете му на болен пријател. Ако другите ги направите среќни тоа ќе има ефект на бумеранг: сознанието дека некој се радува, а вие за тоа сте заслужни, ќе ви даде посебен сјај. Освен тоа, кога ја цените среќата на другите, учите да бидете подобри и кон самите себе, па како резултат на тоа, станувате посреќни.
4. Олеснете си го товарот. Лесно е да се запостават работите кои сакате да ги направите наспроти оние што морате да ги направите (како на пример да се прочита полно сандаче пошта). Па во секој ден воведете поттик: за секоја „треба“ работа, почастете се – може и со нешто едноставно како на пример пет минути мир.
5. Прославете ги промените. Додека ги испробувате овие идеи, забележете како реагирате. Можеби се смеете повеќе или пак одот ви станал пожив. Уживајте во чувството, па така ќе бидете мотивирани да продолжите со веселите навики.
И запомнете: Среќата е патување водено од верувањето дека секогаш можете да одберете радост.