„Колку се здебелив во 2020-та“: TikTok предизвик во кој ќе се пронајдат речиси сите

Обично сите сакаме да се пофалиме кога ќе успееме да ослабеме, но поради пандемијата, битката со килограмите беше далеку од нашата листа со приоритети.

kolku-se-zdebeliv-vo-2020-ta-tiktok-predizvik-vo-koj-kje-se-pronajdat-site01.jpg

Всушност, изминативе неколку месеци скоро сите заборавивме на вежбање и здрава исхрана (со чест на исклучоци), па верувајте дека не сте единствените ако сте пуштиле стомаче. Но, ова не треба воопшто да ве загрижува, особено кога ќе чуете за новиот TikTok тренд.

Една девојка, позната како meazyc333, наместо да жали што се здебелила во 2020-та, решила да направи интересна споредба на нејзини фотографии направени во јануари и во декември минатата година.

На првата фотографија се гледа дека девојката има рамен стомак, а на фотографијата од декември 2020 таа го покажува нејзиното „карантинско“ стомаче.

@meazyc333

Anddddd... that’s okay #fyp #bodypositivity #MakeItMagical #VivaCleanHacks

♬ 2020 glow up - Katie Clark

Предизвикот го прифатиле многу корисници – тиктокерот познат како niebsy сподели видео на кое прво покажува како изгледал во јануари. Очигледно е дека момчето редовно посетувало теретана пред пандемијата, но на видеото од декември гордо го покажува стомачето.

@niebsy

#glowupchallenge #glowdowncheck #foryoupage #StrikeAPosay

♬ 2020 glow up - Katie Clark

И тиктокерката Селена Тревино го направила предизвикот, нагласувајќи дека сите треба да го прифатиме нашето „карантинско тело“.

@selenatrevino

celebrate your body always bc diet culture sucks!!✨ #loveyourbody #selflove #pandemic #glowup #allbodiesarebeatiful #greenscreen

♬ 2020 glow up - Katie Clark

Па, ако се чувствувате лошо поради вишокот килограми, можеби овие видеа ќе ви докажат дека нема потреба да се грижите. Сепак, тоа не е причина годинава да ја искористиме да бидеме поактивни и да се вратиме во форма.

@chloe_xandria

#normalizenormalbodies #bodypositive #bodypositivity #normalizeallbodies #MakeItMagical

♬ 2020 glow up - Katie Clark
@kguzzy

That 2020 body like...#2020shitshow ##xyzcba ##ybxcba ##glowup ##glowups ##fyp ##thestruggle ##thishurts ##takeajoke

♬ 2020 glow up - Katie Clark

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Величествени градби од стари цивилизации кои можете да ги видите и денес Колосеумот во Рим, храмот на Кукулкан во Мексико – ширум светот постојат бројни ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg