Надеж дека сѐ ќе биде подобро – Pantone прогласи две бои кои ќе ја одбележат 2021 (фото)
Жолта (Illuminating) и сива (Ultimate Gray) се двете бои кои Pantone ги прогласи за бои на 2021, со надеж дека ќе внесат топлина, пријателство и надеж за подобра година од онаа која изминува.
Кон крајот на секоја година, со нетрпение очекуваме институтот за бои Pantone да ја објави бојата која ќе ја одбележи наредната година.
Овојпат, наместо една, тие прогласија две бои кои ќе ја одбележат 2021 година – Illuminating (жолта/17-5104) и Ultimate Gray (сива/13-0647).
Тоа се две независни бои кои покажуваат колку различните елементи може да се поддржуваат еден со друг, практични и во исто време топли и оптимистични, единството на овие две бои дава сила и позитива, со надеж и ветување за нешто сончево и пријателско. Потребно ни е нешто да нѐ охрабри и подигне, ова е неопходно за духот на човекот, велат од институтот за бои Pantone.
Како и секогаш, така и во 2021-ва, ќе можеме да ги гледаме овие бои како водечки во секое поле – од мода и ентериер, до козметика и храна.
Боите кои ќе ја одбележат 2021-ва:
М. М. | Црнобело