„Срамота е што ја шминкате на 13 години!“ - Британска старлета мета на критики за шминката на ќерка си
Британската старлета Кејти Прајс стана мета на бројни негативни критики заради една нејзина фотографија на Инстаграм со 13 годишната ќерка Принцес.
На сликата, девојчето е нашминкано комплетно, а Кејти сподели и видео на кое позираат кај професионален шминкер со силно исцртани веѓи, вештачки трепки и розов сјај на усните.
„Каква мајка, таква ќерка“ – напишала 42 годишната Британка. Повеќето коментари се дека малку подранила со дотерување и шминкање на младата ќерка и дека не треба да претерува.
„Кејти, што си направила со девојчето?“
„На твојата ќерка не ѝ се потребни сите тие шминки на лицето.“
„Срамота е што не ѝ дозволувате да биде дете на 13 години.“
Сепак, наиде и на поддршка од млади девојки кои тврдат дека 13 години е сосема во ред возраст за шминкање.
Кој е вашиот став – ДА или НЕ за шминка на оваа возраст?
https://www.instagram.com/p/CII9y4FJHFX/?utm_source=ig_web_copy_link
Е. П. | Црнобело