8 поранешни затвори кои денес служат како удобни и луксузни хотели
Langholmen, Шведска
Хотелот се наоѓа во Стокхолм, а во 19-иот век објектот бил користен како затвор. Во самиот хотел има музеј посветен на затворот и галерија со дела кои датираат од 1866 година.
Затворот бил активен до 1975 година, а објектот работи како хотел од 1989.
Lloyd Hotel, Холандија
Овој хотел има навистина интересна историја. Најпрво, во 1921, објектот бил користен како хотел за доселеници. Потоа, околу 1939-та, објектот почнал да се користи како засолниште за Евреи. За време на Втората светска војна, пак, хотелот бил пренаменет во казнено-поправна установа за млади лица, а после војната се користел и како затвор.
Дури во 2004 објектот повторно бил претворен во хотел кој работи и денес.
Old Mount Gambier Gaol, Австралија
За разлика од повеќето хотели на листава, Old Mount Gambier Gaol не е луксузен, но собите изгледаат многу удобно. Објектот работел како затвор од 1866 до 1995, а денес скоро сите келии се претворени во мали хотелски соби. Гостите кои отседнуваат во хотелот можат да ги посетат библиотеката и црквата кои биле дел од затворот и не се променети.
Celica, Словенија
Во минатото, во оваа градба имало 20 затворски келии кои денес се претворени во соби украсени со интересни мурали. Муралите во секоја соба имаат различен мотиви и целиот хотел изгледа како мала уметничка галерија.
Спирова С. | Црнобело