„Знаеш дека маж ти има друга? - А ти знаеш дека твојот само во мене гледа?“ – Како да одговорите на дрски прашања?
Заблагодарете се
Ако знаете дека соговорникот ви мисли најдобро, а сепак ви поставува непријатни прашања, најверојатно не сфаќа дека тие прават да се чувствувате неудобно. Во тој случај повторно избегнете го одговорот, со тоа што ќе се заблагодарите за неговата загриженост.
Преправајте се дека не разбирате што ве прашуваат
Во овој случај, прво преправајте се дека не сте го сфатиле прашањето. Откако соговорникот ќе ви го повтори, прашајте го што сака да каже со тоа прашање. Ако разговарате со личност која веројатно не ви мисли добро, ваквиот пристап ќе ја натера да престане со прашањата.
Одговорете потврдно и променете ја темата
Ако некој ви постави прашање кое содржи и критика, како „Си се поправила?“, смирено одговорете потврдно и сменете ја темата на разговор. Уште подобро ако искористите и доза хумор – со ова соговорникот сигурно ќе престане да ви поставува други прашања за тоа.
Одговорете неучтиво
За жал, во некои ситуации морате и вие да бидете неучтиви за да се справите со личност која поставува непријатни прашања. Можеби нема да ви биде сеедно, но дефинитивно ќе ја замолчите личноста и повеќе нема да ви поставува вакви прашања.
Спирова С. | Црнобело