„Знаеш дека маж ти има друга? - А ти знаеш дека твојот само во мене гледа?“ – Како да одговорите на дрски прашања?
Многу често луѓето кои ви поставуваат непријатни прашања не го прават тоа за да ве повредат. Едноставно, тие сметаат дека на тој начин ќе ви покажат внимание, а можеби ќе ви понудат и помош.
Сепак, не сите сакаат да зборуваат за домашни, финансиски или какви било проблеми со кого било.
А, ако и вие сте во оваа категорија, тогаш сигурно се прашувате како да ги одговорите или целосно да ги избегнете овие прашања.
Погледнете како можете да одговорите на непријатните прашања без да зборувате за нешто што не сакате - некогаш мудро и културно ќе им ги затворите устите, а некогаш ќе мора и вие дрско да вратите:
Игнорирајте
Наместо да се нервирате за прашањето, обидете се да останете смирени и не дозволувајте да ви го расипе расположението. Истовремено, можете суптилно да ја промените темата на разговор и целосно да го избегнете одговорот.
Одговорете со прашање
Ова е одличен начин да се справите со непријатните прашања, без разлика дали разговарате со блиска личност или не.
Ако станува збор за личност која ви мисли добро, овој ваш одговор нема да ја навреди.
Ако, пак, прашањето ви го поставила личност која сака да се сити со вашите проблеми, на овој начин ќе ја „фатите во тесно“.
Пошегувајте се
Можеби звучи чудно, но многу луѓе поставуваат лични и непријатни прашања кога сакаат да се зближат со некого. Ако сфатите дека сте во таква ситуација, можете да одговорите со шега и да ја намалите напнатоста во разговорот.
Одбијте да одговорите
Некогаш морате да поставите граница, затоа не заборавајте дека не сте обврзани да одговарате на сите прашања што ќе ви ги постават. Кажете му на соговорникот дека не ви се разговара на таа тема или дека тоа е нешто што не го засега него.