Најзначајни фотографии од Земјата направени од вселената - како изгледа нашата планета од далеку?
Првата заедничка фотографија од Месечината и Земјата
Во 1966-та, со помош на леталото ATS-1 беше направена првата заедничка фотографија од Земјата и Месечината.
На фотографијата се гледа дел од нашата планета, а над неа се гледа Месечината. Фотографијата е направена на растојание од 35.000 километри од Земјата.
фото: NASA
Венера и Земјата фотографирани од Марс
Роверот Curiosity што се наоѓа на Марс направи неверојатна фотографија од Земјата и Венера. Панорамата е направена во јуни годинава, а двете планети изгледаат како многу бледи точки.
фото: NASA
Земјата и Месечината фотографирани од Меркур
Оваа фотографија е направена во 2010 година, со помош на леталото MESSENGER. Интересно е што тимот научници и инженери набљудувале нешто друго, а оваа фотографија била направена сосем случајно.
Фотографијата е направена на растојание од 183 милиони километри од Земјата.
фото: NASA
Најпрепознатливата фотографија од Земјата
Фотографијата наречена „The Blue Marble“, или сина џамлија, е направена од екипажот на Apollo 17.
Фотографијата е направена во 1972 и на неа се гледа мразот од Јужниот пол и речиси цела Африка. Бидејќи на фотографијата Земјата изгледа како џамлија, оттаму и нејзиното име.
фото: NASA
Спирова С. | Црнобело