Најзначајни фотографии од Земјата направени од вселената - како изгледа нашата планета од далеку?
Често гледаме фотографии од Земјата направени од нејзината атмосфера или од Меѓународната вселенска станица. Но сте ги погледнале ли фотографиите кои се направени од вселената, на растојание од илјадници, па дури и милијарда километри од Земјата?
Благодарение на мисиите на НАСА и другите вселенски агенции, сега имаме можност да ја погледнеме Земјата не само од Месечината, туку и од најдалечниот крај на Сончевиот систем.
Во продолжение можете да погледнете дел од најзначајните фотографии од Земјата направени од вселената:
Фотографија направена од Сатурн
На 19 јули, 2013, леталото Cassini направи неверојатна фотографија на која се гледаат прстените на Сатурн. Во заднината се гледа и Земјата, на растојание од 1,44 милијарди километри.
фото: NASA
Фотографијата „Бледа сина точка“
Оваа фотографија е направена на 14 февруари 1990, со леталото Voyager 1. Во моментот кога е направена фотографијата, леталото се наоѓало на растојание од 6 милијарди километри од Сонцето.
Земјата е толку далеку што се гледа само како бледа сина точка, па оттаму и името на фотографијата.
фото: NASA
Една од првите фотографии направени од Месечината
Оригинално, оваа фотографија е направена во далечната 1966-та, со помош на леталото Lunar Orbiter 1. Тогаш од НАСА ја немаа технологијата да направат фотографија со добра резолуција, па оригиналот изгледа матно.
Во 2008 година, речиси 4 децении откако беше направена фотографијата, од НАСА ги искористија податоците од оригиналот за да ја направат фотографијата со подобра резолуција.
фото: NASA
Првата фотографија од Земјата направена од вселената
Кратко по завршувањето на Втората светска војна, во 1947 година беа направени првите фотографии од Земјата на растојание поголемо од 160 километри.
Фотографиите се направени со помош на германските ракети V-2.
фото: NASA